Селекторот на машката ракометна репрезентација, Ивица Обрван, го објави скратениот список од 21 играч на коi ќе смета за подготовките за Светското првенство во Катар.
Од списокот од 28 ракометари Обрван ги изостави Златко Даскаловски, Влатко Јовчевски, Игор Павловски, Дарко Димитриевски, Влатко Митков, Лазе Мајнов и Милорад Кукоски.
Овие седум ракометари може да бидат дополнително повикани ако одлучaт селекторот и стручниот штаб.
Првиот состанок е закажан за 21 декември кога се очекува да се закаже и првиот тренинг. Сепак, Обрван се надева дека сите ракометари ќе бидат во добра здравствена состојба и нема да има несреќи како минатите подготовки за Европското првенство кога на неколку дена пред закажаниот термин се повредија неколку клучни играчи.
Списокот е сличен како тој пред натпреварот против Чешка во квалификациите за Европското првенство во 2016 година.
1. Борко Ристовски (Кретеј)
2. Никола Митревски (Металург)
3. Петре Ангелов (Вардар)
4. Дејан Манасков (Металург)
5. Гоце Ојлески (Металург)
6. Гоце Георгиевски (Металург)
7. Влатко Недановски (Вардар јуниор)
8. Златко Мојсоски (Прилеп)
9. Стојанче Стоилов (Вардар)
10.Никола Маркоски (Металург)
11. Ванчо Димовски (Металург)
12. Наумче Мојсовски (Металург)
13. Филип Лазаров (Вардар)
14. Аце Јоноски (Металург)
15. Велко Маркоски (Металург)
16. Талески Филип (Металург)
17. Филип Миркуловски (Металург)
18. Немања Прибак (Вардар)
19. Кире Лазаров (Барселона)
20. Ренато Вугринец (Металург)
21. Никола Стојчевски (Редебергслидс)
Македонија ќе го почне СП во Катар со Тунис на 16 јануари од 15 часот, следниот ден противник ќе ни биде Иран од 17 часот, па следува еден ден пауза. На 19 јануари на мегдан ќе ни излезе селекцијата на БиХ, исто така, од 17 часот, а истиот термин по македонско време е загарантиран и за последните два меча на Македонија во фазата по групи. На 21 ќе играме со Хрватска, а два дена подоцна ја завршуваме фазата по групи со дуел против Австрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



