| четврток, 6 декември 2018 |

Милиќ се врати по суспензијата, Вардар го победи Борац

Страхиња Милиќ се врати на голот на Вардар. по суспензијата што му ја изрече раководството на клубот и со 16 одбрани беше меѓу најзаслужните за победата на „црвено-црните“ против Борац Бањалука во меч од СЕХА лигата.

Вардар славеше со 31-25, иако играше без неколку стандардни првотимци. Покрај Милиќ во победничкиот состав се истакна и одличнито Дтефан Терзиќ со 8 погодоци од 13 обиди, со што беше најефикасен на мечот. По 6 гола постигнаа Сергеј Горбох и Данил Шишкарев.

milic

Вардар со оваа победа се проби на второто место во регионалната лига со 27 бода, зад неприкосновениот состав на Веспрем, кој е лидер со сите победи во 10 натпревари. Веспрем утре му гостува на Металург во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top