| четврток, 6 декември 2018 |

Немања Видиќ се враќа на „Олд трафорд“?

Српскиот интернационалец во редовите на Интер, Немања Видиќ е незадоволен од статусот во клубот и од неможноста да биде во првиот состав.
Новиот тренер Роберто Манчини не смета на услугите на засилувањето од летниот преоден рок, дури и не го стави на списокот за последниот натпревар од Лига на Европа што Интер го игра вечерва во Азербејџан против Карабах.
Со тоа му е порачано на Видиќ да си ги спакува куферите и да бара нова средина.
Новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Луис ван Гал, е сериозно заинтересиран да го врати во своите редови искусниот дефанзивец, каде што тој ги помина ѕвездените моменти во својата кариера. Видиќ му е повеќе од потребен на Ван Гал бидејќи искусниот стратег има потреба од искуство во тимот, но ќе мора да го убеди да игра за помала плата.

Видиќ засега нема ништо против да ја заврши кариерата во тимот каде што ја доживеа фудбалската афирмација и каде што е жива легенда.

Тој помина осум години во редовите на „црвените ѓаволи“ и освои еден трофеј во Лигата на шампионите и дури пет пати беше првак на Англија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top