| четврток, 6 декември 2018 |

Познати личности кои умреле на сцената

Фразата „умрел работејќи го тоа што го сака“ за некои ѕвезди е премногу вистинска приказна. Некои едноставно се имаат срушено на сцената, други својот живот го завршиле на многу насилен и драматичен начин, но тоа што е заедничко е дека својот крај го доживеале на сцена или на работното место.

Гитаристот на шкотскиот бенд  „Стоун д Кроус“, Лес Харви, за време на настап, го удрила струја преку микрофон, кој што не бил приземјен. Бендот се распаднал, набрзо по смртта на Харви.

 

john ritter

Џон Ритер

Џон Ритер

Ѕвездата од „8 едноставни правила за забавување со мојата ќерка тинејџерка“ Џон Ритер, заболел од дисекција на аротата за време на снимањето. Глумецот се пожалил на болка во градите, поради и што бил итно префрлен во болница. Проблемот било што лекарите ја згрешиле дијагнозата, мислејќи дека се работи за срцев удар. Ритер починал за време на операцијата.

Фановите негови биле во шок и продуцентите одлучиле неговата смрт да ја вметнат во серијата, така што ликот на Џон умира од инфаркт.

johnny ace

Џони Ајс

Џони Ајс

Пејачот Џони Ајс си пукал сам себе си во глава, на паузата на настап во Хјустон во 1954 година. Џони пиел и играл со пиштолот. Тоа често го правел, но никој не знаел дали му е тоа само некоја играчка или си играл опасен руски рулет.

Неговата песна „Ветувајќи ја мојата љубов“ достигнала прво место по неговата смрт и се задржала 10 недели на врвот.

redd foxx

Ред Фокс

Ред Фокс

Легендарниот комичар Ред Фокс, со својата работа влијаел на многу стенд ап комичари, како што се Крис Рок и Еди Марфи. Ред случајно доживеал срцев напад на сцена во 1991 година. Повеќето присутни мислеле дека е во прашање некоја негова шега, затоа што тоа и му била вообичаена глума. Постхумно добил ѕвезда на славните во Сент Луис.

File Photo - Crocodile Hunter Steve Irwin

Стив Ирвин

Стив Ирвин

Експертот за живот во дивината Стив Ирвин, познат како ловец на крокодили, човек кој што одблиску  и лично се соочуваше со животните, не е ни чудо дека ризикот го чинеше живот. Сепак, не се очекуваше дека може да настрада од морска ража. Ирвин тогаш снимал документарец „Најсмртоносните животни во океанот“ кога морската ража го прободе во врце. Ражата најверојатно се уплашила и реагирала неочекувано.

Brendon-Lee

Брендон Ли

Брендон Ли

Глумецот Брендон Ли погинал многу млад, исто како и неговиот татко, славниот глумец и мајстор на боречките вештини Брус Ли. Брендон случајно бил погоден со огнено оружје за време на снимањето на култниот филм „Врана“. Врз глумецот требале да пукаат со празен пиштол, револвер магнум 44, меѓутоа некако во пиштолот се нашол лажен куршум, кој што бил со сила на вистински. Брендо починал 6 часа по операцијата.

EdithWebsterGwLater1

Едит Вебстер

Едит Вебстер

Смртта на глумицата Едит Вебстер е многу бизарна. Таа умрела додека ја глумела смртта на својот лик. Едит глумела баба која пеејќи, изненадно паѓа во смрт. Само што овој пат токму тоа се случило во тој момент. Публиката воодушевено аплаудирала, убедена дека тоа е маестрална глума.

Miriam+Makeba

Мирјам Макеба

Миријам Макеба

9 ноември 2008 година Миријам Макеба, со прекар Мама Африка, доживеа срцев удар, кратко време по  нејзиниот хит песната “Пата Пата” на концертот кој се одржа во близина на Италија.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top