
Министерството за здравство, во врска со спроведување на есенската акција „Ден на дрвото“, достави известување до сите јавни здравствени установи утре (среда) редовно да се извршуваат закажаните прегледи и интервенции во ЈЗУ.
Тоа значи дека сите закажани прегледи во специјалистичко-
По анализата на податоците од електронскиот систем „Мој термин“, утврдено е дека за утре се веќе закажани околу 10.000 пациенти во редовен термин за преглед и над 100 хируршки интервенции. Во интерес на пациентите е прегледите да бидат извршени во денот кога се закажани, со цел на пациентите навремено да им биде пружена потребната здравствена услуга.
Инаку, другите служби во установите што не се поврзани со закажани термини ќе се приклучат на акцијата Ден на дрвото и овој ден дополнително ќе го одработат, согласно насоките од Министерството за труд и социјална политика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
На децата прв пат им бил откриен дијабетес кога биле донесени во болница
-
Д-р Ана Данева Маркова е нов претседател на Комитетот за безбедно мајчинство
-
МЗ: Бебињата починале поради предвремено раѓање, имале неразвиени органи и исклучително ниска тежина
-
Локацијата на новиот Клинички центар не е во строго заштитената зона


