| четврток, 6 декември 2018 |

Шишковски се прости од Работнички со „шут-аут“ против Вардар

Талентираниот голман на Работнички, Дамјан Шишковски беспрекорно си го одработи својот дел од работата во дербито со Вардар и без примен гол се прости од „романтичарите“.

Тој беше повлечен од игра во самиот финиш од мечот што одлучуваше за есенската титула и доби заслужени аплаузи пред преселбата во белгиски Гент.

Шишковски има само 19 години и стандардно бранеше за Работнички во новата сезона, а се збогува со стил или со хокеарски речник со „шут-аут“.

damjan

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top