| четврток, 6 декември 2018 |

ФЕЉТОН НА РЕПУБЛИКА: „Мрачното време на транзицијата“ – 1998 – година на плуралистичко созревање

Из­бор­на­та го­ди­на Ма­ке­до­ни­ја ја по­ми­на во пре­диз­ви­ци­те, пред сè, од пос­ле­ди­ци­те на до­то­гаш­но­то ед­но­пар­ти­ско вла­де­е­ње - без­ра­бо­ти­ца по­ра­ди при­ва­ти­за­ци­ја­та, ко­руп­ци­ја­та и кри­ми­на­лот во де­лот на јав­ни­те на­ба­вки, на­до­пол­нет со раз­вр­ска­та на ТАТ... А, Ма­ке­до­ни­ја ста­ну­ва свра­ти­ли­ште на свет­ски по­ли­тич­ки ими­ња и ими­ња од НА­ТО по­ра­ди зо­ви­ра­ње­то на ко­сов­ски­от конф­ликт. Се­пак, и во та­кви ус­ло­ви, таа го­ди­на за мно­гу­ми­на се слу­чу­ва пре­сврт - се слу­чу­ва ви­стин­ски плу­ра­ли­стич­ки че­кор на­пред. По­ли­тич­ки­от пре­сврт ги пре­се­че вр­ски­те на кри­ми­нал­ни­те биз­нис ин­те­ре­си со вла­ста

По­че­то­кот на но­ва­та го­ди­на ѝ на­ве­сти бур­ни де­но­ви на Ма­ке­до­ни­ја – на ме­ѓу­на­род­на­та, а осо­бе­но на до­маш­на­та, по­ли­тич­ка сце­на. Експ­ло­зи­и­те по­крај по­ли­ци­ски­те ста­ни­ци во При­леп на 4 ја­ну­а­ри, а по не­кол­ку де­на и во Ку­ма­но­во отво­ри­ја вра­та на чув­ства де­ка ко­сов­ски­те слу­чу­ва­ња мо­же да се пре­ле­ат и пре­ку гра­ни­ца­та. Тие експ­ло­зии откри­ја де­ка Ма­ке­до­ни­ја, всуш­ност, е „зо­на­та 2“, ка­ко што ја на­ре­ку­ва­ше Ос­ло­бо­ди­тел­на­та ар­ми­ја на Ко­со­во, ко­ја ја пре­зе­де од­го­вор­но­ста за бом­ба­шки­те на­па­ди.

Ос­ло­бо­ди­тел­на ар­ми­ја на Ко­со­во се за­ка­ну­ва: „Ќе го­ри и Ма­ке­до­ни­ја!“
– Ос­ло­бо­ди­тел­на­та ар­ми­ја на Ко­со­во (ОАК) на­ви­сти­на е пре­диз­ви­ку­вач на пос­лед­ни­те експ­ло­зии во ма­ке­дон­ски­те гра­до­ви – из­ја­ви за при­штин­ски­от дне­вен вес­ник „Ко­ха ди­то­ре“ не­и­ме­ну­ван из­вор бли­зок на таа иле­гал­на ор­га­ни­за­ци­ја об­јас­ну­вај­ќи де­ка ак­ци­и­те се пре­зе­ме­ни би­деј­ќи ма­ке­дон­ски­те тај­ни служ­би ра­бо­тат за­ед­но со бел­град­ски­те про­тив ОАК.

По бом­ба­шки­те на­па­ди во Го­сти­вар, Ку­ма­но­во и во При­леп Вла­да­та де­ман­ти­ра де­ка експ­ло­зи­и­те се де­ло на ОАК.
– Ма­ке­дон­ска­та вла­да вче­ра де­ман­ти­ра­ше де­ка под­мет­на­ти­те бом­би што во не­де­ла­та на­ве­чер експ­ло­ди­раа во При­леп и во Ку­ма­но­во се по­вр­за­ни со Ос­ло­бо­ди­тел­на­та ар­ми­ја на Ко­со­во или со ко­ја би­ло те­ро­ри­стич­ка ор­га­ни­за­ци­ја од­над­вор. Спо­ред аген­ци­ја­та „Ма­кфакс“, ма­ке­дон­ска­та по­ли­ци­ја има иден­ти­чен став. МВР вче­ра со­оп­шти де­ка истра­га­та е во тек, де­ка се утвр­де­ни ви­дот на експ­ло­зи­вот и на­чи­нот на не­го­во­то акти­ви­ра­ње и – ни­што по­ве­ќе. Поз­на­ва­чи­те ве­лат де­ка бом­би­те што експ­ло­ди­раа во Го­сти­вар, Ку­ма­но­во и во При­леп, а за кои од­го­вор­но­ста ја пре­зе­де ОАК, со­др­же­ле исто ко­ли­чес­тво експ­ло­зив, а не­о­фи­ци­јал­но се прет­по­ста­ву­ва де­ка би­ле изра­бо­те­ни од ист експ­ло­зив. Пар­ти­и­те на Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја ве­лат де­ка не­ма­ат ни­ка­кви соз­на­ни­ја за под­мет­на­ти­те бом­би. Од ПДП не­ма­ат што да ко­мен­ти­ра­ат би­деј­ќи не­ма­ат до­вол­но ин­фор­ма­ции за тие на­ста­ни. Од ДПА ве­лат де­ка за бом­би­те доз­на­ле од ме­ди­у­ми­те и оти тие се пос­ле­ди­ца на по­греш­на­та и ира­ци­о­нал­на по­ли­ти­ка што во Ма­ке­до­ни­ја ја спро­ве­ду­ва ко­а­ли­ци­ја­та СДСМ-ПДП.

Гор­чи­на­та од стра­вот од во­е­ни дејс­тви­ја на­рас­на по­доц­на ко­га по­ве­ќе од де­сет ил­ја­ди Ал­бан­ци де­мон­стри­раа под­др­шка и со­ли­дар­ност на ОВК, од ка­де што се слуш­на и под­го­тве­ност за учес­тво во тие во­е­ни дејс­тви­ја.

На­ста­ни­те на се­ве­рот од гра­ни­ца­та го про­дол­жи­ја оста­ну­ва­ње­то на ме­ѓу­на­род­на­та ми­си­ја УНП­РЕ­ДЕП во Ма­ке­до­ни­ја ка­ко га­ран­ци­ја за без­бед­но­ста на гра­ни­ци­те.
На ма­ке­дон­ски­от ае­ро­дром сле­таа ви­со­ки прет­став­ни­ци од свет­ска­та по­ли­тич­ка сце­на. Во Ам­ба­са­да­та на САД во Скоп­је се одр­жу­ва сред­ба на аме­ри­кан­ски­от дип­ло­мат Ри­чард Хол­брук со по­ли­тич­ки­от ли­дер на Ко­со­во, Ибра­хим Ру­го­ва. Во Скоп­је до­а­ѓа­ат и Ха­ви­ер Со­ла­на и ге­не­ра­лот на НА­ТО Вес­ли Кларк, па и бри­тан­ски­от принц Чарлс. Но цел­та е јас­на, Ма­ке­до­ни­ја се нај­де на кар­та­та на НА­ТО во ид­ни­те ак­ции про­тив ре­жи­мот на Ми­ло­ше­виќ. Ко­га бе­ше јас­но де­ка на Ко­со­во поч­ну­ва оп­шта вој­на, Со­ла­на и Кларк до­би­ва­ат доз­во­ла НА­ТО да се ста­ци­о­ни­ра во Ма­ке­до­ни­ја. При­тоа Со­ла­на убе­ду­ва­ше де­ка таа со­ли­дар­ност „не­ма да оста­не не­за­бе­ле­жа­на“.

 

 

Еко­но­ми­ја

Про­це­сот на при­ва­ти­за­ци­ја про­дол­жу­ва. Дел од ме­ди­у­ми­те ја­ву­ва­ат де­ка за вра­бо­те­ни се под­го­тву­ва­ат отказ­ни ре­ше­ни­ја иа­ко не­кои од нив би­ле про­тив тоа. Се­ка­ко, во из­бор­на­та го­ди­на се вле­гу­ва со по­да­то­ци за рас­теч­ко вра­бо­ту­ва­ње. Отка­ко во Ма­ке­до­ни­ја вле­гу­ва стран­ски ка­пи­тал со т.н. се­кун­дар­на при­ва­ти­за­ци­ја (Тех­но­гас, Стру­ми­ца та­бак, Ус­је, Бал­кан­стил, Скоп­ска пи­ва­ра, Гранд хо­тел…), БДП до­би­ва ре­а­лен раст од 2,9 про­цен­ти, што е двој­но по­ве­ќе од прет­ход­на­та го­ди­на, но е да­ле­ку од пред­ви­де­ни­те 5 про­цен­ти. Се­пак, не­вра­бо­те­но­ста е на ни­во од 34,5 про­цен­ти, а си­ро­ма­шти­ја­та не се на­ма­лу­ва. Во сила е новиот Закон за вработување, но резултатите се кријат по само два месеци.

„По праз­ни­ци­те ре­ги­стри­ра­ни 530 но­ви вра­бо­ту­ва­ња без при­до­не­си“ (Дневник, јануари 1998)
– Спо­ред За­во­дот за вра­бо­ту­ва­ње во зем­ја­ва се ре­ги­стри­ра­ни 530 но­ви вра­бо­ту­ва­ња, за кои ра­бо­то­дав­ци­те ќе ги иско­ри­стат по­вол­но­сти­те на За­ко­нот за вра­бо­ту­ва­ње. Ос­ло­бо­ду­ва­ње­то од пла­ќа­ње при­до­не­си ва­жи са­мо за ли­ца­та што зак­луч­но со 30 де­кем­ври 1997 го­ди­на нај­мал­ку ед­на го­ди­на би­ле еви­ден­ти­ра­ни во За­ко­нот за вра­бо­ту­ва­ње.

„По вла­ди­на­та ак­ци­ја, бро­јот на не­вра­бо­те­ни­те ста­на др­жав­на тај­на“ (Дневник, март 1998)
– Пос­лед­ни­от број на не­вра­бо­те­ни со кој рас­по­ла­га За­во­дот за вра­бо­ту­ва­ње е од 31 де­кем­ври 1997 го­ди­на – 270.979 ли­ца. По до­не­су­ва­ње­то на За­ко­нот за зго­ле­му­ва­ње на вра­бо­те­но­ста, Вла­да­та со­оп­шту­ва де­ка бро­јот на но­во­вра­бо­те­ни ли­ца е око­лу 10.000 ли­ца за пр­ви­те два ме­се­ца. Си­те тие по­да­то­ци се до­стап­ни, освен про­ме­ни­те во бро­јот на не­вра­бо­те­ни­те за тој пер­и­од. Таа број­ка по поч­ну­ва­ње­то на вла­ди­на­та ак­ци­ја за вра­бо­ту­ва­ње ста­на нај­го­ле­ма др­жав­на тај­на. Не­кои про­це­ни ве­лат де­ка па­ра­лел­но со но­ви­те 10.000 вра­бо­ту­ва­ња, спо­ред но­ви­от За­кон, бро­јот на не­вра­бо­те­ни­те се зго­ле­мил за 14.000 ли­ца.

„Вра­бо­те­ни­те во ЈСП об­ви­ну­ва­ат: Отказ­ни ре­ше­ни­ја за тие што се про­тив при­ва­ти­за­ци­ја­та“
– Вра­бо­те­ни­те од Јав­но­то со­о­бра­ќај­но прет­при­ја­тие пре­ку ан­ке­та го ка­жаа сво­е­то мис­ле­ње за на­чи­нот на транс­фор­ма­ци­ја­та на нив­но­то прет­при­ја­тие. Ре­зул­та­ти­те од ан­ке­та­та сѐ уште се тај­на. Ра­бот­ни­ци­те во ЈСП твр­дат де­ка ди­ре­кто­ри­те со отказ­ни ре­ше­ни­ја ги при­ну­ду­ва­ат ра­бот­ни­ци­те да се из­јас­нат за при­ва­ти­за­ци­ја­та.

Про­тест на ра­бот­ни­ци­те на „Ку­прум“: „Штрај­ку­ва­ат со глад и ба­ра­ат пра­вед­на при­ва­ти­за­ци­ја“
– Во ша­тор по­ста­вен на вле­зот во дво­рот на фа­бри­ка­та за обо­е­ни ме­та­ли „Ку­прум“ во скоп­ска­та на­сел­ба Хром ве­ќе трет ден со глад штрај­ку­ва­ат шест ра­бот­ни­ци, пред­во­де­ни од пре­тсе­да­те­лот на не­за­вис­ни­от фа­брич­ки син­ди­кат, Јо­сиф Јо­си­фов­ски. Ра­бот­ни­ци­те ба­ра­ат да им се исп­ла­тат за­о­ста­на­ти­те пла­ти за пет­на­е­сет ме­се­ци и ба­ра­ат су­дот да ги за­бра­ни си­те актив­но­сти во вр­ска со при­ва­ти­за­ци­ја­та сѐ до­де­ка не се ре­ши ста­ту­сот на прет­при­ја­ти­е­то.

Пе­тар Ко­стов­ски, раз­ре­ше­ни­от ди­ре­ктор на би­тол­ска­та фа­бри­ка за ше­ќер, твр­ди: „Ме сме­ни ма­ке­дон­ска­та фи­нан­си­ска ма­фи­ја“
– Во си­те зем­ји во тран­зи­ци­ја, ше­ќе­рот, мас­ло­то и ту­ту­нот, ка­ко и ори­зот и жи­то­то, ги кон­тро­ли­ра ма­фи­ја­та. Од тоа не е иск­лу­че­на ни Ма­ке­до­ни­ја. До­маш­на­та фи­нан­си­ска ма­фи­ја со не­чиј бла­гос­лов и со по­тку­пе­ни лу­ѓе од фа­бри­ка­та ме сме­ни за­што не им од­го­ва­рав. Би­тол­ска­та фа­бри­ка за ше­ќер по­ра­но про­из­ве­ду­ва­ше са­мо 7.000 то­ни ше­ќер го­диш­но, а се уве­зу­ваа 53.000 то­ни. Се­га ние про­из­ве­ду­ва­ме 38.000 то­ни, а мал дел оста­ну­ва за увоз, од­нос­но за ма­ни­пу­ла­ции – из­ја­ви Пе­тар Ко­стов­ски.

Во ва­ква ат­мо­сфе­ра, про­дол­жу­ва рас­чи­сту­ва­ње­то во вр­ска со про­па­ѓа­ње­то на ште­дил­ни­ца­та ТАТ. Отка­ко е изо­ста­вен од про­це­сот, слу­ча­јот ТАТ од би­тол­ски­от се се­ли во охрид­ски­от суд. Ште­да­чи­те се жа­лат на мал­вер­за­ции во истраж­на­та по­стап­ка. Дел од ме­ди­у­ми­те нај­а­ву­ва­ат па­ни­хи­да за ТАТ.
– Ја слуш­нав­ме ве­ста од ме­ди­у­ми­те де­ка се пла­ни­ра отс­лу­жу­ва­ње Па­ни­хи­да од би­тол­ски­те све­ште­ни­ци за по­гре­ба­на­та ви­сти­на и прав­да на ште­да­чи­те на ТАТ. Се згро­зив­ме на ед­на ва­ква за­мис­ла. Тре­ба да се знае… Па­ни­хи­да се слу­жи са­мо за упо­ко­ју­ва­ње на ду­ша­та на упо­ко­е­ни­те лу­ѓе. Мо­же да се на­пра­ви не­што дру­го, да се про­те­сти­ра ка­ко што про­те­сти­ра­ат лу­ѓе­то про­тив га­зе­ње­то на таа прав­да и ви­сти­на, и да се ка­же де­ка и Цр­ква­та е про­тив тоа….Се слу­ша де­ка ду­ри 20 све­ште­ни­ци од Би­то­ла се при­ја­ви­ле да учес­тву­ва­ат во слу­же­ње­то на оваа па­ни­хи­да. Тоа не е точ­но – го пренесува Нова Македонија не­го­во­то бла­женс­тво, ар­хи­е­пи­ско­пот г.г. Ми­ха­ил

Неодамна во све­дош­тво за „Ре­пуб­ли­ка“, Љу­бе Тр­пе­ски, по­ра­не­шен ви­це­пре­ми­ер и гу­вер­нер на НБРМ, по­со­чи де­ка во де­тал­ни­от спи­сок на ште­да­чи во ТАТ има­ло го­лем број цр­ков­ни ли­ца од би­тол­ски­от ре­ги­он.

 

Афе­ри

Ме­ѓу дру­го­то, др­жа­ва­та ја тре­сат и афе­ри во кои е впле­ткан др­жав­ни­от врв.

„Сом­ни­тел­на“ здел­ка ме­ѓу ми­ни­сте­рот за над­во­реш­ни ра­бо­ти и ЕСМ: „Хан­џи­ски ра­бо­тел за Еле­ктро­сто­панс­тво за 60.000 гер­ман­ски мар­ки, но не зел ни де­нар хо­но­рар?!“
– Ла­ни Еле­ктро­сто­панс­тво на Ма­ке­до­ни­ја го ан­га­жи­ра­ло Бла­го­ја Хан­џи­ски, ми­ни­стер за над­во­реш­ни ра­бо­ти и про­фе­сор во ми­ру­ва­ње на Еле­ктро­тех­нич­ки­от фа­кул­тет во Скоп­је, за ме­ре­ње на ус­ло­ви­те на без­о­пас­ност на сред­но­на­пон­ска­та мре­жа во Ве­лес и во Стру­ми­ца. Таа „опе­ра­ци­ја“ го чи­не­ла ЕСМ око­лу 60.000 гер­ман­ски мар­ки. Но, во Еле­ктро­сто­панс­тво ве­лат де­ка тоа се са­мо тро­шо­ци за ис­пи­ту­ва­ња­та што са­ми ги одре­ди­ле би­деј­ќи Хан­џи­ски не ба­рал ни­ка­ков хо­но­рар. Хан­џи­ски јав­но из­ја­ви де­ка ра­бо­тел до­бро­вол­но, без хо­но­рар и не ко­ри­стел опре­ма од ЕТФ. На јав­ни­от по­вик за ме­ре­ња­та во Ве­лес се ја­вил и Фа­кул­те­тот, а ка­ко но­си­тел на про­е­ктот бил име­ну­ван и проф. Ми­то Зла­та­нов­ски. Но, по­ну­да­та на ЕТФ би­ла од­би­е­на. По­стои ли во слу­ча­јов конф­ликт на ин­те­ре­си?

„Јав­ни на­ба­вки во здрав­ство­то: Ми­ни­стерс­тво­то ку­пу­ва­ло рас­тво­ри од по­мош­ник-ми­ни­сте­рот?“
– Не­над По­пов­ски, по­мош­ник за фар­ма­ци­ја во Ми­ни­стерс­тво­то за здрав­ство, бил сопс­тве­ник на прет­при­ја­ти­е­то „Кон­зум фарм“ од Охрид, пре­ку кое Фон­дот за здрав­ство обез­бе­ду­вал ин­фу­зи­ски рас­тво­ри за др­жав­ни­те здрав­стве­ни уста­но­ви – из­ја­ви Ни­ко­ли­на Тра­ја­нов­ска од ЛДП, на сед­ни­ца на со­бра­ни­ска­та Ан­кет­на ко­ми­си­ја за јав­ни на­ба­вки.

Не­над По­пов­ски во из­ја­ва­та за „Днев­ник“ ве­ли де­ка тој ни­ко­гаш не бил сопс­тве­ник на „Кон­зум фарм“, ту­ку та­му ра­бо­тел са­мо ка­ко ди­ре­ктор, и тоа до ју­ли 1995 го­ди­на ко­га ста­на по­мош­ник-ми­ни­стер за здрав­ство.

Од афе­ри не оста­на по­ште­ден ни­ту пре­тсе­да­те­лот Ки­ро Гли­го­ров. Не­кол­ку па­ти се отво­раа пра­ша­ња по­вр­за­ни со атен­та­тот, но и ед­на по­и­на­ква – љу­бов­на.

– „На­вод­на­та љу­бов­на вр­ска на пре­тсе­да­те­лот Ки­ро Гли­го­ров со со­вет­нич­ка­та за кул­ту­ра во не­го­ви­от ка­би­нет, за што пи­шу­ва­ше не­дел­ни­кот „Де­нес“, и де­ман­ти­те што сле­ду­ваа од стра­на на со­пруж­ни­ци­те Гли­го­ро­ви, се топ-те­ма во јав­но­ста. Во ме­ди­у­ми­те го­лем про­стор е от­ста­пен за одг­ла­си­те во вр­ска со афе­ра­та, но не­кои од нив се за­ни­ма­ва­ат и со пра­ша­ње­то кој стои зад под­др­шка­та на сто­ри­ја­та со си­те мож­ни по­ли­тич­ки имп­ли­ка­ции“.

За тоа остро ре­а­ги­ра Сто­јан Ан­дов од ЛДП, кој де­ман­ти­рал де­ка тој и не­го­ва­та пар­ти­ја се вклу­че­ни во кре­и­ра­ње­то на афе­ра­та. Ан­дов нај­а­ву­ва туж­ба за НИП „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“, но и за Гли­го­ров по­ра­ди на­вод­но учес­тво во кон­стру­и­ра­ње­то тек­сто­ви во НИП.

Та­ква­та ре­ла­ци­ја ме­ѓу Ан­дов и Гли­го­ров во 1998 го­ди­на не е за из­не­на­ду­ва­ње. Мир­ка Ве­ли­нов­ска во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ по­со­чи на од­но­сот ме­ѓу Ан­дов и не­го­ви­те со­пар­тиј­ци со Гли­го­ров, го­во­реј­ќи за „ам­би­ен­тот“ на прос­ла­ва­та во ед­на од то­гаш­ни­те ком­па­нии бли­ски на пар­ти­ја­та, а ко­ја вре­мен­ски ѝ прет­хо­ди на афе­ра­та „Хар­дрок“.

„Хан­џи­ски мол­чел за ис­чез­ну­ва­ње­то експ­ло­зив од Ми­ни­стерс­тво­то за од­бра­на три ме­се­ци пред атен­та­тот врз Гли­го­ров?“
– Три ме­се­ци пред атен­та­тот врз пре­тсе­да­те­лот Ки­ро Гли­го­ров од Ми­ни­стерс­тво­то за од­бра­на ис­чез­на­ло из­вес­но ко­ли­чес­тво експ­ло­зив. За на­ста­нот се мол­че­ло до не­о­дам­на, а тој вес­ник за мол­кот го об­ви­ну­ва и то­гаш­ни­от ми­ни­стер за од­бра­на, Бла­гој Хан­џи­ски. Ми­ни­сте­рот Хан­џи­ски бе­ше еден од глав­ни­те акте­ри во афе­ра­та „Шак­лев“. То­гаш не­кои но­ви­на­ри, бри­фи­ра­ни од нај­ви­со­ки­от др­жа­вен врв, твр­деа де­ка не­кој има на­ме­ра да ги ска­ра Хан­џи­ски и пре­ми­е­рот Бран­ко Цр­вен­ков­ски. Но, се­га Хан­џи­ски по­втор­но е на та­пет, а афе­ра­та по­втор­но ја лан­си­ра ток­му пров­ла­ди­ни­от пе­чат. Кој и зо­што му крои ка­па на Бла­гој Хан­џи­ски?

1998 го­ди­на по­втор­но има без­ус­пе­шен обид за фор­ми­ра­ње со­бра­ни­ска ко­ми­си­ја за атен­та­тот врз пре­тсе­да­те­лот. „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ пра­шу­ва:

– „Да­ли истра­га­та е пар­ти­ско пра­ша­ње? Зо­што на ли­бе­рал­ни­те де­мо­кра­ти им тре­баа це­ли две го­ди­ни да ја ре­а­кту­а­ли­зи­ра­ат ини­ци­ја­ти­ва­та за ан­кет­на ко­ми­си­ја, и тоа шест ме­се­ци пред пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри? Да­ли СДСМ са­ка не­ко­го да убе­ди де­ка до­се­га не­ма­ло ни­ка­кви про­пу­сти во истра­га­та и де­ка таа те­че во нај­до­бар ред, и следс­тве­но на тоа во таа об­ласт не­ма што да се чеп­ка на­та­му? Не тре­ба да се бе­га од фа­ктот де­ка атен­та­тот е ис­по­ли­ти­зи­ра­на те­ма и де­ка не­го­во­то ре­а­кту­а­ли­зи­ра­ње, пре­ку раз­ни ини­ци­ја­ти­ви и пред­ло­зи, не е екск­лу­зив­но пра­во на ни­ед­на пар­ти­ја. Впро­чем, 30 ме­се­ци по не­ус­пеш­ни­от обид за фи­зич­ка ли­кви­да­ци­ја на пре­тсе­да­те­лот Ки­ро Гли­го­ров, истра­га­та не­ма ни­ка­кви ре­зул­та­ти, по­ли­ци­ја­та мол­чи, мол­чат и истраж­ни­от су­ди­ја и об­ви­ни­те­лот, а од пред два де­на, де­фи­ни­тив­но, и пар­ла­мен­тот се опре­де­ли за мол­че­ње. От­та­му до де­не­шен ден пар­ти­и­те се об­ви­ну­ва­ат ед­на со дру­га, а во ме­ди­у­ми­те пре­ку раз­ни но­ви – би­ло лаж­ни, не­по­твр­де­ни, искон­стру­и­ра­ни – мо­мен­ти и соз­на­ни­ја сè по­ве­ќе се фор­си­ра мош­не опас­на те­за за раз­го­вор. А, крај­ни­от ре­зул­тат на се­то тоа е ам­би­ен­тот на оп­шта­та сом­ни­ча­вост и не­си­гур­ност ме­ѓу гра­ѓа­ни­те“.

 

Из­бо­ри 1998

– Вла­да­та мис­ли са­мо на се­бе и не ѝ е важ­но што ќе би­де со на­ро­дот – ва­ка од­го­во­ри­ле 47,7 про­цен­ти од ан­ке­ти­ра­ни­те гра­ѓа­ни на Ма­ке­до­ни­ја во пос­лед­но­то ис­пи­ту­ва­ње на јав­но­то мис­ле­ње, во првата половина на 1998 година. Резултатите од анкетата се пренесува со наслов „Дла­бо­ка еко­ном­ска кри­за во ко­ја Вла­да­та мис­ли са­мо на се­бе“

Но, во пре­диз­бор­ни­те ан­ке­ти ни­ед­на не по­ка­жу­ва водс­тво на опо­зи­ци­ја­та. ВМРО-ДПМНЕ то­гаш вле­гу­ва во ко­а­ли­ци­ја со но­во­фор­ми­ра­на­та пар­ти­ја на Ва­сил Ту­пур­ков­ски- Де­мо­крат­ска ал­тер­на­ти­ва. За тој че­кор Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски во го­сту­ва­ње­то во „Ре­пуб­ли­ка ТВ“ оце­ни де­ка тоа бил единс­твен на­чин да се „пре­мо­сти“ ја­зот би­деј­ќи, и по­крај си­те афе­ри со јав­ни на­ба­вки, ТАТ, шверц, при­ва­ти­за­ци­ја и дру­го, на­ро­дот не бил це­лос­но под­го­твен за тол­ка­ва про­ме­на на вла­ста, од­нос­но це­лос­на по­бе­да на са­мо­стој­но ВМРО-ДПМНЕ над нас­лед­ни­ци­те на ко­му­ни­стич­ки­от ре­жим.

Зошто сдсм jа загуби власта?

Вед­наш по из­бо­ри­те, „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ ана­ли­зи­ра зо­што пад­на СДСМ.
– Ако СДСМ оста­ви зад се­бе не­кол­ку­го­ди­шен пер­и­од на ре­фор­ми, кои имаа ви­со­ка це­на од ко­ја се соз­да­доа над 50 ил­ја­ди сте­чај­ни ра­бот­ни­ци, 30-про­цент­на не­вра­бо­те­ност и пре­ку 20-про­цент­на си­ро­ма­шти­ја ме­ѓу на­се­ле­ни­е­то, ете еден по­ши­рок круг не­за­до­вол­ни­ци на кои мо­ра­ше да се гле­да ка­ко на глас про­тив…. Не­му (на гра­ѓа­ни­нот) нај­мал­ку му тре­ба­ше са­мо­у­ве­ре­ност, па и аро­гант­ност ко­ја СДСМ на мо­мен­ти зна­е­ше да ја по­ка­же, му тре­ба­ше цвр­сто не­по­сред­но уве­ру­ва­ње де­ка не­кој се гри­жи за не­го, де­ка по­до­бра­та ид­ни­на е бли­ску и де­ка ва­ква­та це­на мо­ра­ше да се пла­ти… На ова тре­ба да се до­да­де и уште ед­на ви­сти­на – во овој ре­фор­ма­тор­ски пер­и­од вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја се ком­про­ми­ти­ра со се­ри­ја афе­ри и скан­да­ли, ка­ко ТАТ, ор­га­ни­зи­ран кри­ми­нал, јав­ни на­ба­вки, кои на кра­јот ја на­пра­ви­ја каз­на­та за СДСМ тол­ку ви­со­ка.

Ко­га, се­пак, ко­а­ли­ци­ја­та ВМРО-ДПМНЕ и ДА, за­ед­но со ДПА, фор­ми­ра Вла­да, мно­гу од то­гаш­ни­те учес­ни­ци во по­ли­тич­ки­от про­цес оце­ну­ва­ат де­ка се слу­чу­ва пре­сврт – се слу­чу­ва ви­стин­ски плу­ра­ли­стич­ки че­кор на­пред, но и се­че­ње на вр­ски­те на кри­ми­нал­ни­те биз­нис ин­те­ре­си со вла­ста.

По сме­на­та на вла­ста, поч­на да се од­мо­ту­ва клоп­че­то око­лу тај­ни­те по­ли­ци­ски дејс­тву­ва­ња про­тив оние кои не би­ле со вла­ста, по­тоа се фор­ми­ра­ше Ан­кет­на ко­ми­си­ја во Со­бра­ни­е­то око­лу јав­ни­те на­ба­вки и ни­за дру­ги актив­но­сти по­вр­за­ни со да­ноч­ни­те ре­фор­ми и пол­не­ње­то на др­жав­на­та ка­са. Тоа што оста­на не­возможно беше ре­ви­зи­ја на при­ва­ти­за­ци­ја­та би­деј­ќи це­ли­от про­цес би тре­ба­ло да се вра­ти на по­че­ток. Тоа, пак, велат познавачите, би ги на­ру­ши­ло си­те ме­ѓу­на­род­ни­те фи­нан­си­ски од­но­си на Македонија. Во таа на­со­ка Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски за „Ре­пуб­ли­ка“ оце­ни де­ка мо­же­би не би би­ло сега спор­но до­кол­ку тие фир­ми, до­би­е­ни за грст па­ри се­га, се ус­пеш­ни ком­па­нии, но останува фактот дека по­ра­ди нез­на­е­ње ка­ко да се упра­ву­ва со нив, ил­јад­ни­ци оста­наа на ули­ца.

За тоа, пак, кол­ка­ва е пре­тр­пе­на­та ште­та, но и кол­ку па­ри во тој пер­и­од се сле­а­ле во Ма­ке­до­ни­ја и се од­ле­а­ле от­ту­ка, го­во­ри оцен­ка­та ко­ја од фи­нан­си­ски­те ана­ли­зи ја пре­не­се Мир­ка Ве­ли­нов­ска: „Оваа го­ле­ми­на, со ова на­се­ле­ние, ин­фра­стру­кту­ра и ор­га­ни­за­ци­ја, со прв слој ре­фор­ми, за пет го­ди­ни ќе бе­ше исто што и Хо­лан­ди­ја“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top