| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Државата ќе помогне да се рестартираат фирмите жртви на транзицијата

Илија Димовски, носител на листата во изборната единица 3 на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ го презентираше пред граѓаните проектот „Жртви на транизицијата“.

– Голем број на фирми во Р. Македонија беа жртви на транзицијата. Во наредните неколку години државата ќе го субвенционира нивното рестартирање – истакна Димовски.

Според него проектот „Жртви на транзицијата“  ќе значи дека сите оние фирми кои што ќе стекнат сопственост врз имотот на поранешните стечајни фабрики кои што пропаднаа  во транзицијата ќе добијат директна помош од држава.

– Во нашата изборна единица има многу такви пропаднати фирми, Винка Виница, Трска-Виница, Карпош-Крива Паланка, има во Берово, Свети Николе, Кочани, Велес  за кои граѓаните подобро знаат, заради  тоа што нивното пропаѓање го осетиле на свој грб – рече Димовски.

Додаде дека државата во следниот период ќе дава големи субвенции и поддршка на фирмите кои што ќе ги рестартираат тие капацитети.

– Големи даночни ослободувања, ослободување од персонален данок на вработените, грантови за вработување на поранешни стечајни работници се само дел од мерките кои ќе се спроведат. Тоа значи дека фирма која што ќе вработи стечаен работник ќе добива 4000 евра грант и грантови за рестаратирање на капацитетите, односно за набавка на опреми  за машини, итн, рече Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top