| четврток, 6 декември 2018 |

Познати кои биле стриптизери пред да станат славни

131577_1

Пред да станат богати и познати, некои од денешните ѕвезди морале да работат што се не. Некои од нив биле келнерки, како Мараја Кери, Мадона кратко време продавала сладолед, а други биле стриптизери.

Видете 10 ѕвезди кои работеле во стриптиз барови пред да станат познати :

Бред Пит

s1(70)

Додека учел во колеџ во Мисури, Бред бил член на стриптиз групата„The Dancing Bares“. Тие биле ангажирани најмногу за женска забави. Пит работел и за фирма која обезбедува стриптизети, ги возел до дадените адреси и ја надгледувал облеката на девојките, додека тие работеле .

Кетрин Зета Џонс

s2(68)

Што би направиле ако сте млада, немате постојана работа, а имате потреба од пари за да си направите пластична операција на носот ? Кетрин Зета Џонс прифатила неколку учества како „егзотична танчерка“, за да заработи пари.

Лејди Гага

s3(69)

Стефани Германота имала 18 години, кога работела како стриптизета во рок клубови. Таа излегувала на сцената, облечена во црна крзнена облека и се соблекувала во лудо шоу, на кое во позадината одела музиката на „Black Sabbath“ и „Guns N ‘ Roses“. Таа признава дека во овој период  многу се дрогирала.

Хавиер Бардем

s4(64)

Кога имал 20 години, Бардем имал проблеми со парите и токму тогаш, една вечер во еден клуб објавиле вечер на аматерскиот стриптиз. Бидејќи имал потреба од пари, тој отишол и излегол на сцената. Интересно е дека тој ја земал и мајка си со себе таа вечер и таа го гледала настапот од публиката. Неговиот настап траел околу 10 минути.

Кендра Вилкинсон

s5(62)

Токму во стриптиз бар, таа се запознала со Хју Хефнер и се прославила како модел. За разлика од другите зајачици на „Playboy“, Кендра  ја мачи минатото на стриптизета и вели дека тоа е нешто со кое таа не се гордее.

Ив

s6(67)

Раперката била стриптизета еден месец, кога имала 20 години и поминувала низ многу тежок период во животот.

Амбер Роуз

7(543)

Пред да стане модел и девојка на Канје Вест, Роуз била стриптизета. Таа започнала со овој занает уште на 15 години. Нејзиното уметничко име било Парис.

Кортни Лав 

s8(59)

Панкерката не може ако не изненади со нешто, вклучувајќи го и тоа, дека на помлади години и пред да се сретне Курт Кобејн, била стриптизета.

Чанинг Тејтум

s9(53)

Тој излегувал на сцената како стриптизер, под псевдонимот Чан Крафорд, кога имал 18 години.

Рене Зелвегер

s10(45)

Зелвегер била келнерка во стриптиз бар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top