| четврток, 6 декември 2018 |

Ретроспектива на „кралот на кичот“ во Помпиду

Во поставката се изложени, меѓу другото и порцеланската статуа на Мајкл Џексон со неговиот љубимец, мајмунот, зајакот на дување со кој Кунс се прослави, како и полупорнографските фотографии со неговата поранешна сопруга, порно-ѕвездата Чичолина

122

Во Музејот на уметност Помпиду во Париз е отворена првата европска ретроспектива на „кралот на кичот“ американскиот уметник Џеф Кунс.

Во поставката се изложени, меѓу другото и порцеланската статуа на Мајкл Џексон со неговиот љубимец, мајмунот, зајакот на дување со кој Кунс се прослави, како и полупорнографските фотографии со неговата поранешна сопруга, порно-ѕвездата Чичолина.

dzef kuns

Ретроспективата опфаќа 35 години од работата на уметникот и покажува зошто е Кунс еден од најдобро продаваните живи уметници, но, истовремено и најконтроверзни. Делови од изложбата се  забранети за малолетници.

– Делото на Кунс, без разлика дали ние го прифаќаме или не, е неспорно единствено во провокацијата – изјави кустосот на изложбата Бернар Блистен.

dzef kuns1

Европската ретроспектива доаѓа само неколку месеци по онаа во Њујорк, во музејот „Витни“. Последната изложба на Кунс во Франција беше во 2008 година, кога беа изложени 17 скулптури во Версај. Тогаш конзервативците силно го нападнаа американскиот уметник.

Кунс истакна дека многу му значи ретроспективата во Франција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top