Украдени се патоказите од мостот на Вардар, кај неготинско Пепелиште, потврди Петар Емшов, раководител на „Македонија пат” Неготино, кој веќе го пријавил случајот во полиција.
Ова е мостот кој неколку дена е забранет за употреба поради оштетување на столбовите.
– Ноќеска некој ги украл патоказите. Само еден од нив чини околу 400 евра. Не знам зошто се украдени и за што би можеле да ги употребат крадците – изјави Емшов.
Санацијата најверојатно ќе биде во јули.
– Кога во минатото биле градени мостовите на реката Вардар немало хидроцентрали кои кога се топат снеговите ја испуштаат водата од браните па се зголемува водостојот, ниту имало толку големи, тешки товарни возила како сега, од 26 тони, а и феквенцијата била помала. Сето тоа има влијание – изјави Емшов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.