Филмот „Лудата ноќ во музејот: тајната на фараонот“ ќе биде прикажан премиерно на први јануари во кината во Македонија. Ова е американска комедија во режија на Шон Леви и е продолжение на филмот од 2009 година „Ноќ во музејот 2: битката за Смистсонијан“. Првиот дел од филмот е снимен уште во 2006 година. Главните улоги ги толкуваат Бен Стилер, Робин Вилијамс, Овен Вилсон, сер Бен Кингсли.
„Лудата ноќ во музејот: тајната на фараонот“ е третото продолжение на трилогијата и последен филм на Мики Руни и еден од последните филмови во кои глуми Робин Вилијамс.
Ова е последната улога на Робин Вилијамс, кој во филмот ја толкува улогата на Теодор Рузвелт, а режисерот Шон Леви објаснува колку тој е прекрасен актер и со еден збор генијалец: ,,Робин беше мој пријател и јас бев негов голем обожавател и секогаш ќе бидам. Секој кој може, од една страна, да му го позајми гласот на духот во Аладин и да ја глуми госпоѓа Даутфајер, додека од друга страна го толкува професорот во филмот Друштво на мртвите поети, ја заслужува титулата генијалец.”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.