Тренерот на ЖРК Вардар Индира Кастратовиќ очекува Вардар да продолжи со напредокот во играта и да ги освои бодовите на гостувањето кај Турнингер.
– Ако е последен, бодовите од овој меч ни се важни и ќе се обидеме да се вратиме со позитивен резултат оттаму. Се надевам дека девојките и во овие 60 минути ќе дадат се од себе и ќе бидат максимално борбени. Кажавме дека од натпревар во натпревар ќе бидеме подобри и тоа и го постигнуваме. Против Будуќност за малку ни побегна победата и нормално е после таков натпревар да бидете психолошки разнишани. Ќе ни биде тешко, знаеме дека имаме хендикепи и со повредени играчи, но ќе сториме се за позитивно да го завршиме овој дел пред зимската пауза – изјави Индира Кастратовиќ пред денешниот дуел со германскиот претставник.
Натпреварот од 6.коло во групната фаза од Лигата на шампионите за ракометарки меѓу Турингер и Вардар ќе стартува од 14 часот и 30 минути во Нордхаузен.
Вардар на денешниот меч ќе настапи ослабен без повредените Андреа Лекиќ, Бегоња Фернандес и Татјана Хмирова, но во составот ќе се врати Јулија Николиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кастратовиќ: Во Будимпешта одиме да се искачиме на врвот
-
Кастратовиќ: Секако дека сме задоволни од ждрепката, но немојте предвреме да не ставате во финале
-
Кастратовиќ: Ретко се гледа ваков натпревар во Лигата на шампионите
-
Кастратовиќ: Посакуваме полна сала, ќе ни биде потребна поддршката од публиката


