| четврток, 6 декември 2018 |

Кастратовиќ: Ретко се гледа ваков натпревар во Лигата на шампионите

kastratovic

Многу причини за задоволство имаше во таборот на ЖРК Вардар по фантастичниот натпревар против Ларвик и убедливата победа со дури 14 гола разлика. Како што рече тренерот Индира Кастартовиќ на прес конференцијата по натпреварот „ова ретко се гледа“ во едно четвртфинале од Лигата на шампионите.

– Девојките одиграа навистина перфектно, онака како што се договоривме. И во најавата пред натпреварот, реков дека со нашата цврста и агресивна одбрана може да направиме резултат. Тоа и го потврдивме. Самиот факт што Ларвик го постигна вториот гол дури во 18 минута, доволно зборува за тоа каква беше нашата одбрана и нашата Амандин Лејно на голот. Ретко се гледа ваков натпревар и ретко се случува победа со 14 гола разлика во Лигата на шампионите. Им благодарам на сите оние што дојдоа денеска да не поддржат и што можеа да уживаат во овој посебен натпревар и во овој голем резултат. Но, како што кажав и претходно, и покрај големата разлика што ја остваривме денеска, ова е само прво полувреме од четвртфиналниот дуел. И во Ларвик одиме на победа, не смееме да се опуштиме – рече по натпреварот Индира Кастратовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top