
Експедицијата на ЖРК Вардар денеска заминува за Будимпешта, во трета мисија за освојување на трофејот во Лигата на шампионите. Противникот во полуфиналето е познат, ЧСМ Букурешт, кого Вардар двапати го победи во главната фаза. Но, на Ф4 нема место за грешка, ниту поправен испит, потребни се две победи, и во полуфинале и во финале, за да се стигне до трофејот.
ЖРК Вардар досега двапати се сопна на првата пречка, но овојпат Индира Кастратовиќ и ракометарките се решени да одат до самиот крај.
– Најважно е што сите во екипата се здрави и подготвени за игра. Имавме доволно време за да се подготвиме, работевме квалитетно и едвај чекаме да стигнеме во Будимпешта и да почне првиот натпревар. Анализиравме многу, знаеме против кого играме и нема никого да потценуваме. Имаме игра за да се спротивставиме и за мене многу важно е што сите девојки се многу мотивирани и имаат огромна желба да успееме, да отидеме чекор подалеку. Нема да се штедиме и ќе играме со срце, до максимум на нашите можности – изјави Индира Кастратовиќ за официјалниот сајт на клубот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


