Домаќините максимално ја искористија предноста да играат на свој терен во првите четвртфинални натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија и забележаа три победи со вкупна гол-разлика од 9-1.
Најубедлив беше Хоризонт Турново со триумф од 5-0 против Дрита, што речиси сигурно му гарантира на прволигашот пласман во полуфиналето.
Најинтересно беше во Скопје, каде Вардар и Ренова играа пред грст гледачи, но имаше евроголови. Најпрвин со прекрасен гол се истакна Јусуфи, а Ренова поведе со 1-0, но возврати Асани со еврогол од слободен удар за реми на полувремето, 1-1. Во второто полувреме Петров и Темелков беа прецизни, а Вардар ќе патува на реваншот во Тетово со два гола предност.
Во Тетово на реванш ќе патува и Кожуф, но со предност од 1-0 на мегдан на Тетекс. Гевгеличани денеска победија минимално, што им дава надеж на двете екипи дека можат да се најдат во полуфиналето.
За осум дена на 26. ноември првиот меч ќе го играат Еуромилк и Работнички.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.