Џорџ Клуни и Амал Аламудин–Клуни сакаат да посвојат дете, пренесуваат американските таблоиди.
Тие се во брак од 27 септември оваа година, а и двајцата немаат деца од претходните врски. Клуни и Амал сакаат да посвојат дете од некоја држава која е разорена од војна, како што е на пример Сирија.
Таблоидите, исто така, пишуваат дека сопружниците веројатно сакаат да имаат посвоени деца како Бред Пит и Анџелина Џоли, коишто имаат посвоено три деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.