Александар Трајковски комплетно ја санираше повредата на скочниот зглоб и ќе го започне дуелот против Словачка вечерва од 20,45 часот како адут во нападот на македонската репрезентација.
Селекторот Бошко Ѓуровски одлучи во отсуство на суспендираниот Адис Јаховиќ, стартер вечерва во шпицот да биде Крсте Велкоски. Напаѓачот на Сараево игра во одлична форма дава голови и заслужи шанса да настапи за Македонија против Словачка.
Еве ги составите на двете репрезентации:
Македонија: Пачоски, Ристовски, Шиков, Мојсов, Алиовски, Адеми, Демири, Трајковски, Абдурахими, Велкоски, Стојков.
Словачка: Козачик, Пекарик, Шкртел, Ѓурица, Хобочан, Печовски, Вајс, Хамшик, Немец, Кучка, Штох.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



