Тригодишниот Чинар Сулејманов од Штип исчезна, објави „24 вести“. Трагата на детето му се губи од вчера попладнето. Според кажувањето на неговиот татко, детето вчера попладне излегло од дома и отишло кај неговиот дедо, но откако ја напуштило дедовата куќа му се губи секоја трага. Таткото со роднините и пријателите го барале, но не успеале да го пронајдат, по што пријавиле во полиција. Според сознанијата на таткото, детето, за последен пат е видено со две деца питачи кои го оставиле да седи на картон на плоштадот за да проси, а по извесно време го снемало.
Од СВР Штип го потврдија настанот и велат дека интензивно трагаат по тригодинишниот Чинар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.