| четврток, 6 декември 2018 |

Гас, правила и неправда

Пос­лед­но­то ба­ра­ње на Европ­ска­та уни­ја, по­точ­но на пр­ви­от чо­век на Европ­ска­та енер­гет­ска за­ед­ни­ца, Ма­ке­до­ни­ја да ги пре­ки­не пре­го­во­ри­те и до­го­во­ри­те за из­град­ба на кра­кот што во рам­ки на про­е­ктот „Ју­жен тек“ тре­ба да но­си гас пре­ку Ср­би­ја, е уште еден до­каз де­ка во од­но­си­те ме­ѓу кои би­ло два ме­ѓу­на­род­ни суб­је­кта, во слу­ча­јов Ма­ке­до­ни­ја и ЕУ, важ­но е са­мо да­ли се ос­тва­ру­ва­ат ин­те­ре­си­те. За­тоа и не тре­ба да нѐ чу­ди ли­це­мерс­тво­то ко­га се збо­ру­ва за ме­ѓу­на­род­но пра­во, до­го­во­ри и об­вр­ски за тие што ги пот­пи­ша­ле. Сло­ве­не­цот Ја­нез Ко­пач, кој ја пре­не­се по­ра­ка­та де­ка со­ра­бо­тка­та со Ру­си­ја тре­ба да пре­ки­не по­ра­ди пре­зе­ме­ни об­вр­ски од стра­на на Ма­ке­до­ни­ја, не об­јас­ни да­ли ЕУ ќе би­де тол­ку пре­циз­на и за дру­ги до­го­во­ри пот­пи­ша­ни од неј­зи­ни член­ки

Точ­но е де­ка Ма­ке­до­ни­ја е таа што са­ка да вле­зе во ЕУ. Точ­но е и тоа де­ка ако са­ка­те да ста­не­те дел од еден бо­гат и екск­лу­зи­вен клуб ка­ко ЕУ тре­ба да се отка­же­те од дел од сво­и­те на­ви­ки, до­кол­ку тие се штет­ни за ид­но­то за­ед­нич­ко жи­ве­е­ње. Не е ла­га ни­ту де­ка ЕУ не­ма да пла­че по нас ако не се сог­ла­си­ме со нив­ни­те пра­ви­ла и се отка­же­ме од со­нот за да би­де­ме неј­зи­на пол­но­прав­на и рам­но­прав­на член­ка. Тоа што во це­ла­та си­ту­а­ци­ја, ко­ја мо­же да се опи­ше со на­род­на­та изре­ка „те те­па­ат, а не ти да­ва­ат да пла­чеш“, е со­се­ма не­ло­гич­но е зо­што ЕУ во од­но­сот кон Ма­ке­до­ни­ја има двој­ни стан­дар­ди, а за тоа не­ма ни­ка­кви пра­ктич­ни при­чи­ни?

Фор­мал­но­то об­јас­ну­ва­ње на Ко­пач е де­ка за ЕУ е не­при­фат­ли­во тоа што ру­ски­от др­жа­вен ги­гант во про­е­ктот „Ју­жен тек“ во исто вре­ме е и про­из­во­ди­тел и ди­стри­бу­тер, а е и сопс­тве­ник на 51 про­цент од про­е­ктот, што го пра­ви кон­ти­нен­та­лен мо­но­пол, не­што што е не­доз­во­ли­во спо­ред европ­ски­те за­ко­ни. Дури и ако овие написи кои што први се појавија во Косовски медиуми се вистина а не пропаганда против Руското влијание во регионот треба да се знае дека во Македонија овој сооднос е 50% : 50% меѓу Гаспром и Македонската влада, со што паѓаат во вода сите аргументи на Европските енергетски власти. Се раз­би­ра, проб­ле­мот не е са­мо Ма­ке­до­ни­ја за­тоа што таа не мо­же ни­ту со ко­ли­чи­на­та, ни­ту со це­ни­те, ни­ту со ма­ли­от па­зар да ги за­гро­зи европ­ски­те пра­ви­ла. Проб­ле­мот, ба­рем фор­мал­ни­от и за­се­га офи­ци­ја­лен, е што ру­ски­от гас пре­ку Ср­би­ја и Бу­га­ри­ја ќе вне­се ха­ос и раздор на па­за­рот на енер­ги­ја во Ита­ли­ја, Ав­стри­ја и во не­кол­ку дру­ги член­ки на ЕУ.

Во не­о­фи­ци­јал­ни­от дел има и дру­ги мо­мен­ти, кои не се спо­ме­ну­ва­ат јав­но, а тие се по­вр­за­ни со вли­ја­ни­е­то што ќе го има Ру­си­ја не са­мо на енер­гет­ски­от па­зар во ре­ги­о­нот, ту­ку и на по­ли­тич­ки­те те­ко­ви во За­па­ден Бал­кан. Пос­лед­на­та во­е­на веж­ба во Бел­град, на ко­ја бе­ше го­стин ру­ски­от пре­тсе­да­тел, ис­пра­ти се­ри­оз­ни сиг­на­ли до Бри­сел и на­се­ка­де во ЕУ. Европ­ски­те цен­три се за­гри­же­ни, но, во отсус­тво на ко­ор­ди­ни­ра­на ак­ци­ја, не се ни оби­ду­ва­ат да го ре­шат проб­ле­мот на европ­ски на­чин, ту­ку на ти­пи­чен ру­ски на­чин, со си­ла и со за­ка­ни.

Не мо­же по­и­на­ку да се про­тол­ку­ва по­ра­ка­та на Ко­пач де­ка ако Ма­ке­до­ни­ја про­дол­жи со „Ју­жен тек“ ќе мо­ра по­втор­но да пре­го­ва­ра за влез во Европ­ска­та енер­гет­ска за­ед­ни­ца (ЕЕЗ). Но ве­ќе на­вик­нав­ме на за­ка­ни­те. Тоа што најм­но­гу бо­ли е што ва­кви за­ка­ни не­ма­ше кон Фран­ци­ја, ко­ја во екот на нај­го­ле­ми­те тен­зии во Укра­и­на из­ве­зу­ва­ атом­ски под­мор­ни­ци во Ру­си­ја. ЕЕЗ и ЕК не­маат проб­лем ни­ту со фа­ктот што ре­чи­си 40 про­цен­ти од гер­ман­ска­та енер­ги­ја до­а­ѓа од Ру­си­ја, а ана­ли­за­та ќе по­ка­же де­ка и во тој слу­чај „Гас­пром“ е мо­но­пол­ски по­зи­ци­о­ни­ра­на ком­па­ни­ја, ко­ја, мо­же­би, не­ма уло­га во ди­стри­бу­ци­ја­та на га­сот, но има це­лос­на кон­тро­ла на енер­гет­ска­та со­стој­ба во нај­мал­ку се­дум член­ки на Уни­ја­та и, ге­не­рал­но, на европ­ски­от енер­гет­ски па­зар. Тие што не са­ка­ат да го ви­дат тоа се­га мол­чат и се на­де­ва­ат де­ка зи­ма­та пред нас не­ма да би­де нај­сту­де­на во пос­лед­ни­ве не­кол­ку де­це­нии и де­ка има до­вол­но ре­зер­ви во слу­чај Ру­си­ја, од­нос­но „Гас­пром“, да ги за­тво­ри вен­ти­ли­те што ми­ну­ва­ат пре­ку Укра­и­на.

Се раз­би­ра, не­ма ни­ка­ква ло­ги­ка со Ко­пач да се отво­ра пра­ша­ње­то за по­чи­ту­ва­ње на ме­ѓу­на­род­ни до­го­во­ри во кон­текст на спо­рот за Гр­ци­ја и да се пра­ви ана­ло­ги­ја со до­го­во­рот со ЕЕЗ за­тоа што тој ка­ко евро­би­ро­крат не мо­же да ка­же ни­што на таа те­ма. За ова пра­ша­ње и за пре­су­да­та на Ме­ѓу­на­род­ни­от суд на прав­да­та во Хаг не мо­же да се збо­ру­ва и со го­лем број дру­ги евро­прет­став­ни­ци за­тоа што си­те тие се прог­ла­су­ва­ат за не­над­леж­ни ко­га се фа­те­ни де­ка упо­тре­бу­ва­ат двој­ни стан­дар­ди.

 

Aktuelno113-2

 

Еден ден САД, Гер­ма­ни­ја и Ру­си­ја ќе сед­нат на иста ма­са

Од­но­си­те ме­ѓу го­ле­ми­те си­ли, пред сѐ, САД и Ру­си­ја, во пос­лед­ни­ве сто­ти­на го­ди­ни ми­ну­ва­ле низ раз­лич­ни пер­и­о­ди од во­е­на ин­тер­вен­ци­ја на ру­ска те­ри­то­ри­ја по Пр­ва­та свет­ска вој­на, пре­ку со­јуз­ниш­тво во Вто­ра­та свет­ска вој­на, До­го­вор за нов свет­ски по­ре­док на Јал­та, Сту­де­на вој­на и за мал­ку атом­ска вој­на за вре­ме на Ку­бан­ска­та кри­за, па сѐ до До­го­вор за на­ма­лу­ва­ње на нук­ле­ар­ни­от ар­се­нал. Ко­га е во пра­ша­ње Гер­ма­ни­ја, од­но­си­те ме­ѓу најв­ли­ја­тел­ни­те зем­ји низ бли­ска­та исто­ри­ја би­ле уште по­комп­ли­ку­ва­ни. За оче­ку­ва­ње е де­ка овој тренд на топ­ло–сту­де­но ќе про­дол­жи и по­на­та­му, при што еден убав ден Оба­ма или не­го­ви­от нас­лед­ник ќе сед­не со Пу­тин или со не­го­ви­от нас­лед­ник и ќе се до­го­во­рат за сфе­ри­те на вли­ја­ние и за по­дел­би или за со­ра­бо­тка. То­гаш, мо­же­би, на Ма­ке­до­ни­ја ќе ѝ би­де доз­во­ле­но да го из­гра­ди „Ју­жен тек“, но пра­ша­ње е да­ли Ма­ке­до­ни­ја има до­вол­но евти­на енер­ги­ја мир­но да го че­ка тој убав ден за свет­ски­от мир. Кој ќе пла­ти то­гаш, по 10 го­ди­ни, а мо­же­би и по 20 го­ди­ни, за тоа што Ма­ке­до­ни­ја ка­ко мал па­зар со го­ди­ни пла­ќа­ла гас ре­чи­си двој­но по­ска­по од го­ле­ми­те европ­ски по­тро­шу­ва­чи.

 

Исток би нѐ за­пи­шал за За­пад да нѐ от­пи­ше

Во це­ла­та спле­тка око­лу „Ју­жен тек“, со чи­ја­што из­град­ба Ма­ке­до­ни­ја мо­же да обез­бе­ди енер­гет­ска не­за­вис­ност за нај­мал­ку 30 го­ди­ни, Бри­сел не тре­ба да има ни­ка­кви ди­ле­ми око­лу по­ли­тич­ки­те ас­пе­кти на ру­ско–ма­ке­дон­ски­от од­нос. За раз­ли­ка од Ср­би­ја, ко­ја јав­но ко­ке­ти­ра со Мос­ква и за тоа не до­би­ва по­себ­но остри за­ка­ни и по­ра­ки, пред сѐ, по­ра­ди от­стап­ка­та за Ко­со­во, ма­ке­дон­ски­те вла­сти и јав­но и не­фор­мал­но оста­ну­ва­ат без ни­ка­кви ди­ле­ми на ста­вот де­ка ЕУ, а не евро­а­зи­ска уни­ја, е при­о­ри­тет и единс­тве­на цел на оваа ге­не­ра­ци­ја Ма­ке­дон­ци и ма­ке­дон­ски гра­ѓа­ни.

И по­крај тоа што ан­ке­ти­те ме­ѓу ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни по­вр­за­ни со укра­ин­ска­та кри­за по­ка­жу­ва­ат иск­лу­чи­тел­на под­др­шка за Пу­тин и за не­го­ва­та зем­ја, и по­крај тоа што на Кремљ ќе му од­го­ва­ра ма­ке­дон­ски­те вла­сти, со­о­че­ни со не­прав­да­та од Гр­ци­ја, и со тоа на ЕУ и на НАТО, да ко­ке­ти­ра­ат и со Бри­сел и со Мос­ква, тоа не се слу­чу­ва.

За раз­ли­ка од срп­ски­от пре­ми­ер Ву­чиќ, кој сво­ја­та стра­те­ги­ја за ба­лан­си­ра­ње ме­ѓу за­па­дот и исто­кот јав­но ја на­ре­че „ЕУ и Ру­си­ја“, ни­ту пре­ми­е­рот Гру­ев­ски, ни­ту пре­тсе­да­те­лот Ива­нов, а уште по­мал­ку ли­де­рот на ДУИ, Ах­ме­ти, или кој би­ло друг по­ли­ти­чар во ни­ту еден мо­мент не ја по­ста­ви­л ди­ле­ма­та за по­ли­тич­ко приб­ли­жу­ва­ње кон не­кој друг освен кон Бри­сел, ка­ко се­ди­ште на две­те моќ­ни ор­га­ни­за­ции кон кои се стре­ми­ме. Но тоа не зна­чи де­ка, ка­ко што Гер­ма­ни­ја ре­ши да ги уки­не нук­ле­ар­ни­те цен­тра­ли и да се грее на ру­ски гас по­ра­ди сво­и­те на­ци­о­нал­ни ин­те­ре­си, и Ма­ке­до­ни­ја не смее да го на­пра­ви тоа што најм­но­гу ѝ од­го­ва­ра во енер­гет­ска и во еко­ном­ска смис­ла. Во крај­на ли­ни­ја, тре­ба да се прес­ме­та кол­кав е по­ли­тич­ки­от ри­зик од пре­кин на членс­тво­то во ЕЕЗ, но са­мо до­кол­ку со тоа не се вли­јае не­га­тив­но на дру­ги­те од­но­си со ЕУ. За фи­нан­си­ска­та при­до­би­вка од „Јуж­ни­от тек“ во на­ред­ни­ве пет до се­дум го­ди­ни, ко­га е из­вес­но де­ка Ма­ке­до­ни­ја не­ма да вле­зе во ЕУ, е јас­но де­ка ќе се ме­ри во ми­ли­јар­ди евра ќар за др­жа­ва­та и за гра­ѓа­ни­те.

 

(Текст објавен во 113. број на неделникот Република, 31.10.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top