Антикорупциската комисија ќе го разгледува случајот со набавката на гас за потребите на општина Струмица. Како што информирале од Комисијата за Вечер, ќе се проверува дали постои судир на интереси поради тоа што Заев набавувал гас од својот сопартиец, претседател на комисијата за енергетика на СДСМ.
Весникот вчера објави дека фирмата Си-Ен-Џи Системс, во која управител е Митко Андреевски, претседател на комисијата за енергетика на СДСМ, во два тендера во 2013 и 2016 година од општина Струмица инкасирала 2,5 милиони евра. Андреевски вчера во демант вели дека не се точни информациите дека добил два тендери од Струмица, но податоците од Бирото за јавни набавки го потврдуваат она што го објави Вечер.
На тендерот од 2013 година, кој може да го видите на фотографијата во прилог, јасно се гледа дека е склучен договор за набавка на гас во вредност од 118 милиони денари или над 1,9 милиони евра. И тука јасно се гледа дека фирмата на Анреевски склучила договор за набавка на гас во износ од 36 милиони денари или околу 600.000 евра.
Како што објави домашниот весник, Заев набавил гас од Андреевски по цена од 24,4 денари за метар кубен, во време кога државната ЕЛЕМ гасот го набавува по цена од 12,8 денари по кубик што значи дека за секој кубик, фирмата Си-Ен-Џи Системс добивала екстра 11 денари.
Тендерскиот скандал на Заев со неговиот партиски претседател на комисијата за енергетика е само еден во низата тендери кои Заев ги делел на своите роднини, пријатели и сопартијци. Медиумите веќе објавија цела мрежа тендери кои Заев му ги давал на својот брат, татко, чичко, братучеди и партиски послушници при што од џебот на граѓаните на општина Струмица биле извлечени милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Нов скандал во здравството: Отпадна најквалификуваната сестра, прва на листа, а се вработи последната
-
Професорка уапсена за инцест, ученик ја препознал на „Порнхаб“