| четврток, 6 декември 2018 |

ФЕЉТОН НА РЕПУБЛИКА: „Мрачното време на транзицијата“ – 1995 – Парауниверзитет и смена на знамето

Атен­та­тот врз по­ра­неш­ни­от пре­тсе­да­тел Ки­ро Гли­го­ров, чи­и­што на­ра­ча­те­ли и из­вр­ши­те­ли се за­га­тка и ден-де­нес, е слу­чај што ги за­се­ни си­те дру­ги на­ста­ни во таа 1995 го­ди­на. Се­пак, не смее да се за­бо­ра­ви де­ка тоа е „експ­ло­зив­на“ го­ди­на во ме­ѓу­ет­нич­ки­те од­но­си, пот­тик­на­ти од па­ра­у­ни­вер­зи­те­тот во те­тов­ска Ма­ла Ре­чи­ца. И де­ка тоа е го­ди­на­та ко­га под при­ти­сок Ма­ке­до­ни­ја пот­пи­шу­ва до­го­вор за нор­ма­ли­за­ци­ја на од­но­си­те со Гр­ци­ја и го ме­ну­ва зна­ме­то ка­ко за­лог за сим­ну­ва­ње на еко­ном­ско­то ем­бар­го

„Тр­го­ви­ја­та е на­пра­ве­на. Трам­па­та е ре­а­ли­зи­ра­на. Ма­ке­до­ни­ја, во де­но­ви­те ко­га е пи­шу­ван овој текст, е единс­тве­на­та др­жа­ва во све­тот без сопс­тве­но зна­ме. Ста­ро­то, тоа со ѕвез­да­та од Вер­ги­на, се­га ег­зи­сти­ра са­мо на коп­чи­ња­та на по­ли­ци­ски­те уни­фор­ми и во ме­мо­а­ри­те на тие Ма­ке­дон­ци што со но­стал­ги­ја се по­тсе­ту­ва­ат на ве­ли­ко­то царс­тво на Але­ксан­дар Ма­ке­дон­ски… За­тоа ком­про­ми­сот што бе­ше на­пра­вен во Њу­јорк ни­ка­ко не би мо­жел да се оква­ли­фи­ку­ва ка­ко це­ло­сен по­раз на ма­ке­дон­ска­та дип­ло­ма­ти­ја, ни­ту ка­ко три­умф на спро­тив­на­та стра­на. Ско­рот, име­но, е ва­ков: Ма­ке­до­ни­ја и Гр­ци­ја се по­ра­зе­ни, а по­бед­ник е Аме­ри­ка… Да се вра­ти­ме на трам­па­та со јуж­ни­от со­сед. За неа не­о­дам­на на МТВ збо­ру­ва­ше и пр­ви­от чо­век на др­жа­ва­та, гос­по­ди­нот Ки­ро Гли­го­ров, об­јас­ну­вај­ќи ја ка­ко го­ле­ма по­бе­да на на­ша­та по­ли­ти­ка… Ка­ко и да е, ба­јра­кот ни оти­де кур­бан. Вла­да­та си ги из­ми ра­це­те на тој на­чин што му ја пре­пу­шти ’вал­ка­на­та‘ ра­бо­та око­лу по­ни­шту­ва­ње­то на ста­ри­от и до­не­су­ва­ње­то на но­ви­от на­ци­о­на­лен ’флаг‘ на Со­бра­ни­е­то, кое, се чи­ни, е под­го­тве­но да ги мар­ки­ра си­те проб­ле­ма­тич­ни од­лу­ки на ег­зе­ку­ти­ва­та. Но­во­то зна­ме, ко­га ќе го др­жи­те во ра­ка овој број на ’Млад бо­рец‘, мо­же­би, ве­ќе ќе се ви­о­ри на бан­де­ри­те низ гра­дот“.

Овој из­ва­док од вес­ни­кот „Млад Бо­рец“, об­ја­вен во октом­ври 1995 го­ди­на, нај­до­бро го опи­шу­ва чув­ство­то на јав­но­ста, не­до­у­ми­ца­та ме­ѓу „по­бе­да или по­раз“ на ма­ке­дон­ска­та по­ли­ти­ка ста­ве­на во мен­ге­ме ме­ѓу еко­ном­ско­то ем­бар­го од Гр­ци­ја кон нас, пред кое и го­ле­ми­те си­ли за­молк­наа, и ем­бар­го­то од нас кон Ср­би­ја, за што, ка­ко што мно­гу­ми­на де­не­ска об­јас­ну­ва­ат, „скок­нав­ме во уста­та на ла­вот“.

 

Feljton7-1995-113-mkd-Virgina-Flag

За тоа ка­ко се дој­де до ова идеј­но ре­ше­ние, „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ во сеп­тем­ври 1995 го­ди­на пи­шу­ва „Се ра­ѓа но­во сон­це“.

„Зад пред­ло­гот-осум­кра­ко сон­це со хо­ри­зон­тал­ни, вер­ти­кал­ни и ди­ја­го­нал­ни зра­ци што се ши­рат кон ра­бо­ви­те, се­га ве­ќе сто­јат 90 пра­те­ни­ци, а за тој да се изг­ла­са, по­треб­ни се ба­рем 80 гла­са. Аманд­ма­ни за не­ка­кви из­ме­ни, за­се­га не­ма!… Од­го­вор­ни­те лу­ѓе во Со­бра­ни­е­то се­кој ден до­би­ва­ат и по не­кол­ку пред­ло­зи за по­и­на­ков изг­лед на но­во­то зна­ме, а од тие по­и­на­кви идеи не се ’по­ште­де­ни‘ ни­ту ме­ди­у­ми­те. Во тие ре­ак­ции, би­ло да се од по­е­дин­ци или гру­пи, ме­ѓу нив и умет­ни­ци, во ос­но­ва е не­за­до­волс­тво­то со но­во­то ре­ше­ние (за чиј­што автор се по­со­чу­ва ар­хи­те­ктот Ми­рос­лав Гр­чев, иа­ко во пар­ла­мен­тот се ин­си­сти­ра­ше на тоа да не се спо­ме­ну­ва ни­чие име, ту­ку се­то тоа да оди ка­ко пред­лог на гру­па пра­те­ни­ци)“.

 

Всуш­ност, до про­ме­на на зна­ме­то и до до­го­во­рот за за­ме­на на зна­ме­то за кре­на­та рам­па не е дој­де­но не­на­деј­но. Уште во ја­ну­а­ри се пре­не­су­ваа грч­ки­те вес­ни­ци за „тај­ни со­ста­но­ци“ на нај­ви­со­ко ни­во ме­ѓу Гр­ци­ја и Ма­ке­до­ни­ја.

За ди­рект­ни кон­та­кти на грч­ка­та вла­да со Ма­ке­до­ни­ја се откри­ва де­ка ста­ну­ва збор и во до­вер­ли­во­то пис­мо од 20 де­кем­ври, со кое Кра­ни­ди­о­тис сво­и­те прет­по­ста­ве­ни во вла­да­та ги за­поз­на­ва со ре­зул­та­ти­те од не­го­ви­те кон­та­кти на Са­ми­тот во Есен. Пис­мо­то би­ло ис­пра­те­но до пре­ми­е­рот Па­пан­дреу, ше­фот на дип­ло­ма­ти­ја­та Па­пу­љас, ка­ко и до нај­ви­со­ки­те ра­ко­во­ди­те­ли во Ми­ни­стерс­тво­то за над­во­реш­ни ра­бо­ти. Во бе­ле­шка­та, ко­ја, ина­ку, ни­ка­де не е об­ја­ве­на, на­вод­но, се пре­не­су­ва за­до­волс­тво­то на европ­ски­те парт­не­ри од ела­стич­но­ста што ја по­ка­жа­ла Ати­на спре­ма Скоп­је и Ти­ра­на. Кра­ни­ди­о­тис … од­но­во ги де­ман­ти­ра ве­сти­те за тај­ни кон­та­кти со Ма­ке­до­ни­ја. Во вр­ска со со­ста­но­кот на 5 и на 6 де­кем­ври тој ре­че де­ка се ра­бо­ти „са­мо за офи­ци­ја­лен ру­чек и за еден со­се­ма друш­твен на­стан“, ка­де што се со­ста­на­ле Па­пу­љас, тој, пре­тсе­да­те­лот Гли­го­ров и Цр­вен­ков­ски, при што до­да­де де­ка се раз­ме­не­ти „не­кол­ку фор­мал­ни ре­че­ни­ци“. „Еле­фте­ро­ти­пи­ја“ до­да­ва де­ка „сè по­се­ри­оз­на ста­ну­ва мож­но­ста Гр­ци­ја на сопс­тве­на ини­ци­ја­ти­ва да го уки­не ем­бар­го­то за Ма­ке­до­ни­ја“, што „мо­же­ло да ја изв­ле­че Гр­ци­ја од ќор-со­ка­кот во кој вле­зе по­ра­ди фрон­тал­ни­от су­дир со Ма­ке­до­ни­ја“.

 

Во 1995 го­ди­на, про­сеч­ни­от по­раст на БДП из­не­су­ва­ше 1,1 про­цент. Ди­рект­ни­те стран­ски ин­ве­сти­ции из­не­су­ваа 9,49 ми­ли­о­ни до­ла­ри. Во Ма­ке­до­ни­ја поч­ну­ва да се пра­кти­ку­ва из­воз на фи­ктив­но­то ма­ке­дон­ско про­из­водс­тво. Од­нос­но, пред да би­де про­из­ве­де­на, сто­ка­та се уве­зу­ва во Ма­ке­до­ни­ја, а по не­кол­ку ча­са пре­стој ту­ка, се из­ве­зу­ва во тре­ти др­жа­ви ка­ко „ма­ке­дон­ски про­из­вод“. Во но­ем­ври „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ пи­шу­ва за „пер­е­ње па­ри“ и за шверц со ци­га­ри и со на­фта.

„Пе­ре­ње­то па­ри се ка­ра­кте­ри­зи­ра и по не­го­ва­та адап­ти­бил­ност со нај­раз­лич­ни фор­ми на про­би­ва­ње, а опас­но­ста за др­жа­ва­та е уште по­го­ле­ма ако ста­ну­ва збор за оп­штес­тва во кои се фа­во­ри­зи­ра го­то­вин­ско­то пла­ќа­ње. Ци­га­ри­те и на­фта­та – нај­про­фи­та­би­лен шверц во Ма­ке­до­ни­ја – пред очи­те на др­жа­ва­та. Во пос­лед­ни­ве не­кол­ку го­ди­ни на­ши­ро­ко се збо­ру­ва за швер­цот со ци­га­ри, кои ме­сто во да се пла­си­ра­ат во странс­тво, за­вр­шу­ва­ат на до­маш­ни­от па­зар, се раз­би­ра, без пла­ќа­ње на да­вач­ки­те кон др­жа­ва­та. Слич­но се слу­чу­ва и со швер­цот на на­фта­та и на­фте­ни­те де­ри­ва­ти. И во два­та слу­ча­ја, ста­ну­ва збор за ви­со­ко­про­фи­та­би­лен не­ле­га­лен биз­нис, што ре­зул­ти­ра со праз­на др­жав­на ка­са“.

 

Универзитет во Мала Речица

До­де­ка Ма­ке­до­ни­ја над­вор се до­ка­жу­ва­ше пред ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца по­ра­ди Гр­ци­ја, на до­ма­шен те­рен сè по­ве­ќе се кре­ва­ше ме­ѓу­ет­нич­ка­та тен­зи­ја. На­те­га­ња­та за упо­тре­ба на ја­зи­ци­те, на ал­бан­ски­от ја­зик во Со­бра­ни­е­то и во ви­со­ко­то обра­зо­ва­ние, ја до­стиг­на кул­ми­на­ци­ја­та. Уште во ја­ну­а­ри беа ур­на­ти ба­ра­ки­те на, ка­ко што го на­ре­ку­ваа, Те­тов­ски­от парауни­вер­зи­тет. Де­ка­нот Фа­дил Су­леј­ма­ни, за ко­го ве­ќе има­ше по­диг­на­то об­ви­не­ние, се­пак, на 15 фе­вру­а­ри ја отвори работата на ­у­ни­вер­зи­те­тот. На не­кол­куд­нев­ни­те ди­рект­ни сред­би со по­ли­ци­ја­та пред камерите, но и на за­ка­жа­ните прес-кон­фе­рен­ции, Су­леј­ма­ни по­ви­ку­ва­ше 50, 100, па и 200 ил­ја­ди гра­ѓа­ни да го бра­нат обра­зо­ва­ни­е­то, по­сто­ја­но по­со­чу­вај­ќи де­ка „тој не е по­ли­ти­чар, но од ту­ка не­ма мр­да­ње“. Два де­на по­доц­на, по­ли­ци­ја­та ин­тер­ве­ни­ра­ше и се су­дри со гра­ѓа­ни­те. Ре­зул­та­тот бе­ше еден за­ги­нат и по­ве­ќе­ми­на по­вре­де­ни. Ми­ни­сте­рот за вна­треш­ни ра­бо­ти Љу­бо­мир Фрч­ко­ски, по­доц­на за ме­ди­у­ми­те оце­ни де­ка ста­вот на Су­леј­ма­ни не­мал вр­ска со обра­зо­ва­ни­е­то ту­ку „да по­ка­же де­ка ма­ке­дон­ска­та др­жа­ва не­ма да го спре­чи да сто­ри што би­ло“. Всуш­ност, до­да­ва, по­ли­ци­ја­та не ре­а­ги­ра­ла за да спре­чи уни­вер­зи­тет, ту­ку да „ос­ло­бо­ди др­жав­ни об­је­кти од узур­па­ци­ја за при­ват­ни по­тре­би“. Де­ка­нот на уни­вер­зи­те­тот во Ма­ла Ре­чи­ца по­ра­ди не­ми­ри­те од пред уни­вер­зи­те­тот бе­ше осу­ден на за­твор­ска каз­на од две и пол го­ди­ни.

 

Во парламентот пак 19 пра­те­ни­ци Ал­бан­ци го на­пу­шта­ат собранието про­те­сти­рај­ќи по­ра­ди за­тво­ра­ње на уни­вер­зи­те­тот во Ма­ла Ре­чи­ца и не­мож­но­ста да го­во­рат на ал­бан­ски ја­зик на со­бра­ни­ска­та го­вор­ни­ца.

„Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ под нас­лов „Ја­лов ра­ди­ка­ли­зам“ пи­шу­ва: „Не по­сто­јат ре­ал­ни шан­си пра­те­ни­ци­те од ал­бан­ска на­ци­о­нал­ност да ги ос­тва­рат за­мис­ли­те во пог­лед на упо­тре­ба­та на нив­ни­от ја­зик во пар­ла­мен­тар­ни­от жи­вот. Дру­ги­от дел од пар­ла­мен­тот е не­по­ко­леб­лив во мис­ле­ње­то де­ка ком­про­ми­си во тој пог­лед не смее да има“.

„Оби­дот фор­мал­но не­за­вис­ни­от пра­те­ник Са­ли Ра­ма­да­ни на пар­ла­мен­тот да му се обра­ти на ал­бан­ски ја­зик до­жи­веа за­врш­ни­ца ка­ква што бе­ше оче­ку­ва­на – со пре­кин на 10. со­бра­ни­ска сед­ни­ца што се слу­чи ми­на­та­та сед­ни­ца. На ’ми­кро­фон­ски­от ју­нак‘ во­оп­што не му пре­че­ше иск­лу­чу­ва­ње­то, па по офи­ци­јал­ни­от пре­кин на за­се­да­ни­е­то на го­вор­ни­ца се за­др­жа уште де­се­ти­на ми­ну­ти. Единс­тве­ни не­го­ви слу­ша­те­ли беа пра­те­ни­ци­те од ал­бан­ска на­ци­о­нал­ност…. ’Пре­те­рав­ме со на­ше­то тр­пе­ние‘, из­ја­ви На­сер Зи­бе­ри, пра­те­ник на ПДП ’за нас по­ве­ќе не др­жат ар­гу­мен­ти­те де­ка го­во­рот на ал­бан­ски се за­бра­ну­ва во пар­ла­мен­тот за­тоа што прет­ход­но не бил нај­а­вен… Што ќе се слу­чи ако из­ле­зам на го­вор­ни­ца и са­ми­от обез­бе­дам ус­ло­ви – ре­че­ни­ца на ал­бан­ски, па по­тоа ја пре­ве­дам на ма­ке­дон­ски ја­зик. Да­ли и во тој слу­чај ќе би­дам от­стра­нет?‘, пра­шу­ва Зи­бе­ри“.

 

Aleksandar-Florovski---intervju-Republika

ДБК го „обработуваше“ ВМРО ДПМНЕ

Учес­ни­ци­те во под­го­то­вка­та на овој фељ­тон по­со­чу­ва­ат де­ка за вре­ме на из­бо­ри­те во 1994 го­ди­на во­оп­што не би­ле свес­ни де­ка си­те пре­диз­бор­ни актив­но­сти на ВМРО-ДПМНЕ, се­кој ми­тинг или со­бир, бил прос­ле­ден со спе­ци­јал­ни си­ли и „снај­пе­ри“ на окол­ни­те по­кри­ви. За тоа, ве­лат, ста­на­ле свес­ни ду­ри ко­га би­ле отво­ре­ни до­си­е­ја­та. Од то­гаш, всуш­ност, поч­ну­ва нај­го­ле­ма­та обра­бо­тка на ВМРО-ДПМНЕ, ко­ја, мо­же­би, кул­ми­ни­ра по атен­та­тот врз екс­пре­тсе­да­те­лот Ки­ро Гли­го­ров.

Але­ксан­дар Фло­ров­ски, поранешен пра­те­ник на ВМРО-ДПМНЕ е еден од „обра­бо­ту­ва­ните“ од служ­би­те за сле­де­ње по­ра­ди „сом­не­ва­ње за те­ро­ри­зам и за ури­ва­ње на устав­ни­те ин­сти­ту­ции“. Нај­поз­на­ти се опе­ра­тив­ни­те ак­ции „Те­мел“ за сле­де­ње на се­ди­ште­то на ВМРО-ДПМНЕ и „Авто­мо­бил“ за сле­де­ња по­вр­за­ни со атен­та­тот.

Тој се на­вра­ќа во вре­ме­то ко­га Гр­ци­ја ну­де­ла да­ро­ви за Гли­го­ров, ка­ко дел од спо­год­ба­та за име­то, а по­тоа и за оби­дот да се об­ви­ни ВМРО-ДПМНЕ за вклу­че­ност во атен­та­тот.

– Тоа оде­ше пре­ку служ­би­те. Чо­век од ДБК за­ед­но со ед­на гру­па лу­ѓе оти­де „до­лу“ (во Гр­ци­ја, н.з.) и дој­де со по­ну­да. За по­ну­да­та е ре­фе­ри­ра­но кај Фрч­ко­ски. Па Фрч­ко­ски ре­фе­ри­рал кај Гли­го­ров. По­ну­де­ни се па­ри и дру­ги не­шта, но е од­би­е­но. Но, мо­мен­тот на по­ну­да­та бо­ли.

-Прет­по­ста­ву­вам де­ка на­ло­го­дав­ци­те (за атен­та­тот) се од над­вор, но ако не­маш ја­так во др­жа­ва­та не мо­жеш да го на­пра­виш тоа. А кој е нај­ком­пе­тен­тен, кој знае по ко­ја мар­шру­та ќе оди, кол­ку те­ло­хра­ни­те­ли има, во кол­ку ча­сот ка­де е? Сме­там де­ка тој што го при­тис­нал коп­че­то и не е тол­ку ва­жен кол­ку тој што го дал на­ло­гот и тој што дал ло­ги­сти­ка во др­жа­ва­та. Во тој мо­мент ми­ни­стер е Фрч­ко­ски. Таа 1995 го­ди­на ние бев­ме над­вор од пар­ла­мен­тот и че­кав­ме по ме­ди­у­ми­те да­ли Фрч­ко­ски ќе из­ле­зе да ка­же не­што. За­тоа што об­ви­ну­ва­ња­та од Сте­во Цр­вен­ков­ски беа јас­ни и вед­наш из­ле­гов­ме со со­оп­ште­ние да не ин­си­ну­и­ра и ка­жу­ва при­ка­ски, ка­ко што ре­че, „де­ка би­ле од Ве­лес, со бра­ди и со цр­ни ман­ти­ли“, јас­но бе­ше на што асо­ци­ра, и де­ка ВМРО-ДПМНЕ се огра­ду­ва. Фрч­ко­ски го не­ма­ше 10 де­на, ка­ко во зем­ја да про­пад­нал. Ка­ко мо­же ми­ни­стер по атен­тат над пре­тсе­да­тел да го не­ма со ни­е­ден по­да­ток? И по 10 де­на из­ле­зе со ед­на чуд­на те­за за „бу­гар­ско-ал­бан­ски ма­фи­ја­шки гру­пи“, „Мул­ти­груп“ и не знам кој дру­ги и де­ка „мо­же­би се тие“. Ми­ни­стер што ги има си­те ин­стру­мен­ти на рас­по­ла­га­ње. Јас твр­дам де­ка атен­та­тот не мо­жел да се слу­чи без вна­треш­ни стру­кту­ри, без стру­кту­ри на МВР, тоа го твр­дам.

 

То­гаш се за­си­ли актив­но­ста на др­жав­на­та без­бед­ност кон ВМРО-ДПМНЕ?

– Па то­гаш се отво­ре­ни ак­ци­и­те ка­ко „Авто­мо­бил“, за те­ро­ри­зам во зем­ја­та. На­ред­ба­та ве­ли: „Ди­рек­ци­ја, Вто­ра упра­ва; Ли­ни­ја на ра­бо­та: Те­ро­ри­зам во зем­ја­та, со еви­ден­тен број тој и тој… пред­лог за при­ме­на на мер­ка тај­но сле­де­ње и наб­љу­ду­ва­ње во зем­ја­та – ли­це Фло­ров­ски Але­ксан­дар, ро­ден та­му и та­му, жи­вее во Скоп­је… Фло­ров­ски Але­кса­дар е без­бед­нос­но ин­те­рес­но ли­це оп­фа­те­но со опе­ра­тив­на ак­ци­ја ’Па­ва­ро­ти‘ со псев­до­ним ’Па­ун’. Во пос­лед­но вре­ме се до­би­ва­ат соз­на­ни­ја – стои во образ­ло­же­ни­е­то за да го при­фа­тат – за од­не­су­ва­ње на­со­че­но кон ури­ва­ње на устав­но утвр­де­ни де­мо­крат­ски ин­сти­ту­ции во зем­ја­та, за­че­сте­ни кон­та­кти со исто­мис­ле­ни­ци од по­ве­ќе гра­до­ви од Р. Ма­ке­до­ни­ја. При­ме­на­та на мер­ка­та во вр­ска со опе­ра­тив­на­та ак­ци­ја ’Авто­мо­бил‘ – атен­та­тот на екс­пре­тсе­да­те­лот Ки­ро Гли­го­ров – има за цел иден­ти­фи­ку­ва­ња ли­ца со кои ќе кон­та­кти­ра, ви­део и фо­то­до­ку­мен­ти­ра­ње на не­го­ви­те кон­та­кти“.

Ви­де­те, ние не­мав­ме ни­ка­ква вр­ска со ова. Но, Ки­ро Гли­го­ров бе­ше под­ло­жен на страш­ни кри­ти­ки од ме­не и од ВМРО-ДПМНЕ. По­ра­ди по­ли­ти­ка­та што ја во­де­ше, мис­лев­ме де­ка не е аде­кват­на, но да­ле­ку е од умот ние да кре­не­ме ра­ка.

 

И се­ди­ште­то на пар­ти­ја­та би­ло сле­де­но и прис­лу­шу­ва­но?

– Бе­ше сле­де­но се­ди­ште­то на ре­ги­стри­ра­на по­ли­тич­ка пар­ти­ја, пар­ла­мен­тар­на пар­ти­ја, со 40 пра­те­ни­ци. Спро­ти нас, се­ди­ште­то бе­ше хо­тел ка­де што ед­на со­ба бе­ше по­сто­ја­но под ју­рис­дик­ци­ја на ДБК. Ту­ка беа по­ста­ве­ни од упра­ва­та за сле­де­ње, се сни­маа си­те што вле­гу­ваа, се прис­лу­шу­ваа раз­го­во­ри­те. Од до­ку­мен­ти­те што ви ги до­ста­вив ќе ви­ди­те ка­ко, на при­мер, кон­крет­но за ме­не, пи­шу­ва: „’Па­ун‘ из­ле­зе во тол­ку и тол­ку ча­сот, го сле­ди­ме по таа мар­шру­та, из­ле­гоа со ’Леј­ди’ – До­ста Ди­мов­ска. Та­му се ви­доа со дру­ги лу­ѓе, по­стор­но си­те со псев­до­ни­ми“… бев­ме сле­де­ни си­те но­си­те­ли на функ­ции во ВМРО-ДПМНЕ.

Сè што мо­же­ше да се упо­тре­би про­тив ВМРО-ДПМНЕ сѐ е сни­ме­но, а по­тоа мно­гу ма­те­ри­ја­ли се уни­ште­ни. Ова се сни­ме­ни, па „сим­на­ти“, пре­пи­ша­ни, па се до­ста­ве­ни до ми­ни­стер, на­чел­ник, за­ме­ник-на­чал­ник, до тој што го да­ва пред­ло­гот, да­де­ни се се­ка­де.

 

Але­ксан­дар Фло­ров­ски бе­ше пра­те­ник што при­сус­тву­ва­ше на про­те­сти­те на гра­ѓа­ни­те во скоп­ска­та на­сел­ба Ѓор­че Пе­тров, кои се про­ти­веа на из­град­ба­та на при­вре­ме­ни жи­ве­а­ли­шта за бе­гал­ци­те од БиХ.

– При­сус­тву­вав та­му и др­жев го­во­ри. Ед­но­став­но, го слу­шав­ме на­ро­дот, сме­тав де­ка ме­сто­то ми е та­му иа­ко јас не бев пра­те­ник од таа оп­шти­на. Во Ѓор­че Пе­тров из­ле­гов­ме пре­теж­но вмров­ци, тоа е факт, тоа не се крие. Но, имав­ме сре­ќа да изв­ле­че­ме гла­ва, за­тоа што по­сто­е­ше на­ред­ба до по­себ­на­та еди­ни­ца и дел од спе­ци­јал­ци­те, ако се дој­де до кри­ти­чен мо­мент, да ре­а­ги­ра­ат. Слу­чај­но ги фа­тив­ме ка­ко раз­го­ва­ра­ат. Не е се­га важ­но кој ги фа­тил, но имав­ме опре­де­ле­на апа­ра­ту­ра, ко­ја функ­ци­о­ни­ра­ше и ги фа­тив­ме. Во еден сег­мент се ве­ли: „Фло­ров­ски ја бра­ну­ва јав­но­ста“, а еден гос­по­дин, кој то­гаш ја во­де­ше по­себ­на­та еди­ни­ца, му ве­ли на чо­ве­кот што ја во­де­ше ак­ци­ја­та: „Ако мно­гу бра­ну­ва, иско­ри­сти го мо­мен­тот и пра­ви што ти е на­ре­де­но“. Па од­вај ме изв­ле­коа од та­му. Но не бев са­мо јас, бе­ше и чич­ко Ми­тко (Ми­тко Ата­на­сов­ски н.з.), беа и дру­ги пра­те­ни­ци од пр­ви­от пар­ла­мент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top