| четврток, 6 декември 2018 |

Ким Кардишјан чека второ бебе?

kim-kardashian-kanye-west-baby-bump-lacma-110214

Гласините дека најозборуваната двојка Ким Кардашијан и Кање Вест чека второ бебе повторно се вртат  во медиумите.

На официјалниот настан „LACMA Art & Film Gala“, Кардашијан се појавила во елегантен темносин фустан, кој, типично за неа, бил тесен и ѝ го истакнувал нејзино тело, но и мало стомаче.

Дали тоа е знак за второ бебе?

На гала-вечерта двајцата не престанале да си шепотат, да се смеат и да си разменуваат бакнежи, покажувајќи дека се среќни и оtпуштени. 34-годишната ѕвезда од реално шоу била критикувана од модните критичари за изборот на сатенски фустан во кралско сино, со асиметрична линија. Тоа, очигледно, воопшто не ѝ пречело бидејќи нејзиниот маж цела вечер ја гледал со обожавање.

Кање се појавил облечен во омилените црни кожни панталони, црна јакна и бела кошула, во комбинација со чизми од кафеав велур.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top