| четврток, 6 декември 2018 |

Триумф на Металург, само бод за Вардар од гостувањето во Турново

Со денешните три натпревари од ПМФЛ беше комплетирано 14 коло.
Металург конечно успеа да победи по четири натпревари и тоа на домашен терен против Брегалница односно на теренот на „Куќата на фудбалот“ со 3-0. Иако гостите имаа бројчана прденост на теренот по исклучувањето на домашниот играч Дејан Лескароски во 38 минута тоа не го искорстија. Металурзите успеаја да постигнат дури два гола си играч помалку и тоа преку Крстев од пенал во 41 минута и Радевски во второто полувреме во 61. По добиениот црвен картон на играчот на Брегалница Ѓоревски силите на теренот беа израмнети. Доминацијата на Металург ја круниса Радевски истотака од пенал во 87 минута.

Вардар не успеа да слави на гостувањето во Турново и одигра без голови. По шест натпревари завршени со победа за црвено-црните ова беше прв нерешен резултат и повторно против Турново на кого избраниците на Андреев му немаат постигнато гол оваа сезона.

Силекс се врати до Тетово со полн плен. Кратовци денеска извијуваа значајна победа од 3-1 против фенерџијата Тетекс на кој ова му е десетта победа во низа.

ТАБЕЛА:
1. Вардар 34
2. Работнички 28
3. Шкендија 25
4. Металург 21
5. Силекс 21
6. Ренова 19
7. Пелистер 17
8. Турново 17
9. Брегалница 9
10. Тетекс 2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top