| четврток, 6 декември 2018 |

За два дена 283 јавувања на „Ало докторе“

Во изминатите два дена регистрирани се 283 јавувања на телефонската линија „Ало докторе“.

Во најголем број јавувањата биле за здравствени совети во врска со респираторни симптоми, проблеми со крвниот притисок и симптомна болка.

Во кол центарот „Ало докторе“ денеска дежурна е др.Ирена Кафеџиска од Клиниката за ревматологија, а утре за медицински совети ќе биде достапна директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство др. марија Хаџи-лега.

Над 7 илјади јавувања се регистрирани за месец и половина од страна на граѓаните за медициснки совет или за информација за одредена здравствена услуга.

Телефонската линија „Ало докторе“ од 1.ноември годинава е засилена со пет нови доктори за здравствен совет.

За граѓаните од сите градови во Република Македонија 24 часа се достапни 22 доктори за медицински совет, соодветна симтоматска терапија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top