| четврток, 6 декември 2018 |

Неда Арнериќ: Долго ме следеше реченицата „И тато би, сине“

Неда Арнериќ

Неда Арнериќ

Крупни очи и огненоцрвена коса се адутите на Неда Арнериќ поради кои долго време важеше за една од најубавите диви во југословенската кинематографија.

– Потекнувам од старо семејство од Корчулско и многу сум горда бидејќи многу малку  семејства можат да се пофалат дека ги познаваат своите корени уште од 15 век. Велат дека сум многу убава и се однесувам како права дама, а јас си мислам можеби тоа има врска со тоа што имам сина крв – вели Неда .

Неда Арнериќ е во хармоничен брак повеќе од триесет години со хирургот Милорад Мештровиќ.

Зоран Ѓинѓиќ ја избра за негов пратеник. За време на неговиот мандат била пратеник во Собранието на Србија.

neda

Неда Арнериќ денес

– Мојот излет во политиката беше возбудлив и чесен. Верував во тоа, го рушев Слобо и мислев дека тој е главен виновник за сѐ. Подоцна сфатив дека има многу поголем проблем. Тито не успал сите во последните 50 години и не сме сфатиле дека да се занимаваш со политика е многу сериозна работа – вели Арнериќ.

– Би сакала да глумам во некоја сериозна трагедија, жена која страда, нешто што постојано го глуми Мерил Стрип – додава Неда.

Денес таа има 61 година, одиграла стотици улоги, ги има освоено сите главни награди, а за многумина сѐ уште е вечната девојка на југословенскиот филм.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top