Порталите во Србија на големо пишуваат за случајот на популарната актерка Неда Арнериќ (63), која пред три дена заврши во ургентен центар во Белград. Имено, пејачката паднала од балконот од третиот кат на зградата во која живее, и притоа повредила три прешлени, па лекарите ѝ укажале итна помош и сега е надвор од животна опасност.
Останаа нејасни причините за падот од балконот, па некои портали пренесоа дека соседот на пејачката, кој прв ја видел додека лежела на менталниот покрив на помошниот објект под зградата, изјавил дека Неда му кажала дека сакала да се убие. Причината за тоа, наводно, била тешката дијагноза на нејзиниот сопруг, која Неда не можела да ја прифати, па испила шише виски и скокнала од балконот. Сепак, овие шпекулации на медиумите не се потврдени од страна на Арнериќ, која е контактибилна и која соопштила дека паднала при обидот да истресе крпа од балконот.
Сопругот на актерката, кој во времето на падот бил во станот и гледал телевизија, изјави дека неговата сопруга се вратила уморна од деловен состанок, а по одгледаниот меч наЃоковиќ, излегла на балконот за да ги пружи алиштата. Што точно се случило потоа, останува да дознаеме од изјава на самата Арнериќ, која е сместена во шок-соба и сè уште е на интензивна нега поради опасноста од посериозни повреди. Засега е познато дека актерката може да ги мрда рацете и нозете и не е парализирана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.