Српската актерка Неда Арнериќ која пред 11 дена падна од третиот кат од својата тераса, на филмски начин излезе од болница и успеа да ги избегне бројните новинарски екипи кои ја чекале пред Клиничкиот центар во Белград.
Дома ја донел брат ѝ, а Неда лежала на задното седиште на неговиот автомобил и никој не ја забележал.
Откако дошла дома, на прозорецот се појавил нејзиниот сопруг Милорад Мештеровиќ, кој им се обратил на новинарите.
– Какви аматери! Жал ми е за вас! Како ве зезнав – изјави Мештеровиќ.
Арнериќ оваа филмска сцена ја организирала заедно со управата на Клиничкиот центар. Сите влезови се покриени со камери, па веројатно на актерката ѝ било кажано на кој влез нема новинари и фоторепортери. Таа се јавила на брат ѝ, кој ја чекал со автомобилот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.