| четврток, 6 декември 2018 |

Лекарите за Неда Арнериќ: Имала среќа

Српската актерка Неда Арнериќ не е животно загрозена и докторите и предвидуваат заздравување, пишуваат српските медиуми. Како што наведуваат таа се чувстувала добро и се наоѓа во Ургентниот центар во Белград.

Во полицискиот извештај пишува дека актерката паднала додека простирала алишта. Таа инфорамција за медиумите ја дал нејзиниот сопруг. Во меѓувреме, една телевизија јавила дека наводно станува збор за самоубиство.

Во ургентниот центар соопштиле дека таа се чувстува добро и дека поминала мирна ноќ. Лекарите предвидуваат брзо заздравуање.

-Може да кажеме дека имала среќа – изјавиле лекарите.

Арнериќ тешко се повреди откако паднала од балконот од третиот кат од својот стан во Белград.

Таа е родена на 15 јули 1953 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top