Крупни очи и огненоцрвена коса се адутите на Неда Арнериќ поради кои долго време важеше за една од најубавите диви во југословенската кинематографија.
– Потекнувам од старо семејство од Корчулско и многу сум горда бидејќи многу малку семејства можат да се пофалат дека ги познаваат своите корени уште од 15 век. Велат дека сум многу убава и се однесувам како права дама, а јас си мислам можеби тоа има врска со тоа што имам сина крв – вели Неда .
Неда Арнериќ е во хармоничен брак повеќе од триесет години со хирургот Милорад Мештровиќ.
Зоран Ѓинѓиќ ја избра за негов пратеник. За време на неговиот мандат била пратеник во Собранието на Србија.
– Мојот излет во политиката беше возбудлив и чесен. Верував во тоа, го рушев Слобо и мислев дека тој е главен виновник за сѐ. Подоцна сфатив дека има многу поголем проблем. Тито не успал сите во последните 50 години и не сме сфатиле дека да се занимаваш со политика е многу сериозна работа – вели Арнериќ.
– Би сакала да глумам во некоја сериозна трагедија, жена која страда, нешто што постојано го глуми Мерил Стрип – додава Неда.
Денес таа има 61 година, одиграла стотици улоги, ги има освоено сите главни награди, а за многумина сѐ уште е вечната девојка на југословенскиот филм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.