| четврток, 6 декември 2018 |

Десет месечно бебе во Македонија имало мозочен удар

Мозочните удари ги опфаќаат сите растројства на мозочната циркулација, настанати поради било каква причина. Мозочните удари по својата фреквенција се наоѓаат на првото место меѓу болестите на централниот нервен систем

bebe4

Најмлад пациент со мозочен удар во Македонија во изминатата година, е 10 месечно дете од Битола, примено во месец февруари. Според податоците од системот „МојТермин,“ со дијагнозата транзиторни церебрални исхемични напади, во текот на една година вкупниот број на пациенти изнесува 9.483, а број на упати 19.143. Просечната возраст на овие пациенти е 66 години. Вкупен број на пациенти кои имале мозочен удар на возраст под 40 години изнесува 268, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.

Мозочните удари ги опфаќаат сите растројства на мозочната циркулација, настанати поради било каква причина. Мозочните удари по својата фреквенција се наоѓаат на првото место меѓу болестите на централниот нервен систем.
Исто така, во светски рамки, мозочниот удар е трет на листата на причинители на смртта, после кардиоваскуларните и малигните заболувања, додека во Кина и Јапонија претставува водечка причина за смртност.

Според податоците од Светската Здравствена Организација, годишно, во светот, од мозочен удар заболуваат 15 милиони луѓе. Од нив фатално завршуваат околу 6 милиони, додека 5 милиони се доживотни инвалиди. Статистичките податоци покажуваат дека 1 од 6 луѓе во текот на својот живот можат да добијат мозочен удар. Прикажано во временски параметри, секои 40 секунди некој човек добива мозочен удар, а на секои 6 секунди се умира од мозочен удар. 75% од мозочните удари се јавуваат на возраст над 65 години, каде мозочниот удар претставува и примарна причина за инвалидитет. Во 30 отсто од случаите, лицата кои преживеале мозочен удар стануваат дементни, а околу 50 отсто физички неспособни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top