| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар уште еднаш предлабок за Шкендија

Вардар е разигран, надојде во Скопје и ја прегази Шкендија со 3-0 во реванш мечот од осминафиналето во националниот куп. Домаќините на „Филип втори“ арената ги разрешија сите непознати за само 45 минути, со 3 гола во првиот дел.

vardar-skendija-10

 

Јасир Асани со еврогол во третата минута најави дополнителна офанзива на Вардар, екипа што потполно доминираше во текот на целиот меч. Артак Дашјан зголеми на 2-0, а Златко Таневски со погодок го круниса фуриозното прво полувреме на скопските „црвено-црни“.

vardar-skendija-4-golot

Во второто полувреме подзапре притискот на Вардар, иако и во продолжението домаќините имаа неколку зрели шанси за уште некој погодок. Резултатот остана 3-0 за најтрофејната екипа во Македонија и Вардар патува во четвртфиналето со вкупен резултат од 4-2.

vardar-skendija-12

Двете екипи играа меѓусебе пред три дена во Тетово, а Вардар славеше и на гости со 2-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top