Страхиња Милиќ, голманот на РК Вардар е обожавател на неговиот клубски колега Игор Карачиќ. Се чини не само девојките се „тепаат“ за маичка со ликот на вардаровиот бек кој дојде од Хрватска. Во фан шопот на Вардар во новата спортска сала и дом на овој клуб „Јане Сандански“, ракометарите се подновија со неколку производи со логото на клубот. Карачиќ се фати за топка, а Милиќ за маичка со ликот на можеби најпосакуваниот ракометар од овој клуб и за кригла со логото на „Вардар“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.