Филип Петковски игра во одлична форма, младиот напаѓач на Вардар немилосрдно ги тресе противничките мрежи, а денеска повторно ќе биде адут на лидерот против Шкендија во реванш мечот од осминафиналето во националниот куп. Петковски пред три дена со гол и асистенција ги „урна“ тетовци на нивни терен, а Вардар славеше со 2-1.
Со таква предност во Скопје денеска доаѓа Шкендија на реванш дуелот што ќе го одлучува последниот патник во четвртфиналето.
„Ова е најважниот натпревар за Вардар сезонава. Ако ја минеме оваа пречка ќе имаме големи шанси да ја освоиме двојната круна. Се надевам дека повторно ќе најдеме начин како да ја надмудриме и надиграме Шкендија, по третпат сезонава“, ни изјави Петковски.
Натпреварот се игра од 15 часот на „Филип втори“ арената во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.