| четврток, 6 декември 2018 |

Руди Гарсија: Јас сум виновен за срамниот пораз од Баерн

Тренерот на Рома, Руди Гарсија ја презема одговорноста за срамниот пораз од Баерн Минхен со резултат 7-1, во третото коло од Лигата на шампиони.

Рома успеа во еден натпревар во ЛШ да прими повеќе голови, отколку на сите девет натпревари одиграни оваа сезона.

– Ова беше тактички колапс. Не бевме доволно агресивни и им дадовме многу простор на Баерн. Јас сум виновен, ова е моја грешка. Поставив погрешна стратегија – изјави Гарсија.

Навивачите на „волчицата“ доживеаја ново понижување во ЛШ, откако пред неколку години со идентичен резултат загубија од Манчестер Сити.

– Мораме да го прифатиме овој пораз. Да ја кренеме главата и да продолжиме понатаму. Добра вест за нас е ремито на Манчестер Сити. Ние мораме многу подобро – додаде Гарсија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top