Тренерот на Рома, Руди Гарсија ја презема одговорноста за срамниот пораз од Баерн Минхен со резултат 7-1, во третото коло од Лигата на шампиони.
Рома успеа во еден натпревар во ЛШ да прими повеќе голови, отколку на сите девет натпревари одиграни оваа сезона.
– Ова беше тактички колапс. Не бевме доволно агресивни и им дадовме многу простор на Баерн. Јас сум виновен, ова е моја грешка. Поставив погрешна стратегија – изјави Гарсија.
Навивачите на „волчицата“ доживеаја ново понижување во ЛШ, откако пред неколку години со идентичен резултат загубија од Манчестер Сити.
– Мораме да го прифатиме овој пораз. Да ја кренеме главата и да продолжиме понатаму. Добра вест за нас е ремито на Манчестер Сити. Ние мораме многу подобро – додаде Гарсија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палота до Барселона: Дајте ни го Меси и сè ви е простено
-
Картите се спремни: Рома го знае својот противник во Лигата на шампионите? (фото)
-
Ни крив, ни должен „фатил“ 42 000 евра: Одиграл на победа на Барселона, грешката на вработената го направила богат
-
Лудило во Рим: Претседателот на Рома скокна во фонтана (Видео)


