Талант Дујшебаев е легенда на ракометната игра, а како тренер има и легендарни изјави, со кои ги забавува публиката и јавноста. Тренерот на Виве Кјелце понуди неочекуван одговор на новинарско прашање, за кого би навивала неговата сопруга во евентуален дуел меѓу Кјелце и Вардар, клуб каде што игра нивниот син Алекс Дујшебаев.
– Јас носам пари дома и затоа ќе мора да биде на моја страна. Алекс си има своја сметка во Скопје, јас и жени ми заедничка, па немам дилема дека ќе ме поддржи мене – на шега изјави Талант.
Двете екипи засега напредуваат одлично во новото издание на Лигата на шампионите и се сериозни кандидати за настап на завршниот турнир во Келн. Кјелце со 4 победи и максимален ефект е лидер во групата Д, а Вардар со 3 победи и едно реми е второпласиран зад Веспрем во групата Ц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.