| четврток, 6 декември 2018 |

Партнерство на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија со Вардар

Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија го официјализираа партнерството со најтрофејниот македонски спортски колектив, Вардар

На денешната заедничка прес-конференција, Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија и спортското друштво Вардар го официјализираа договорот за партнерство.

TELEKOM 5

Со свеченото потпишување на договорот, играчите на трите клуба – машкиот и женски ракометен клуб Вардар и Фудбалскиот клуб Вардар ќе го носат знакот на светски реномираниот бренд.
Задоволството од соработката со Вардар, го изрази главниот извршен директор на Т-Мобиле Македонија, Жарко Луковски, истакнувајќи дека поддршката ќе биде присутна на сите настапи на домашните и странски лиги на клубовите на Вардар.

TELEKOM 4

– Наша заедничка цел е да овозможиме што подобри услови за врвни спортски резултати – истакна Жарко Луковски.

– Заедно со Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија денес отвораме нови страници за Спортскиот клуб Вардар.
Поддршката на брендот кој е препознатлив насекаде во светот ќе ни даде дополнителен поттик за успех, како на домашните така и на странските терени – се надоврза Давор Стојаноски, извршен директор на ракометните клубови.

– Фудбалскиот клуб Вардар уште од 1947 година го понесе името Вардар и го врежа во историјата на македонскиот спорт. Пред него претстои нова иднина, многу натпревари пред домашната и интернационалната публика – изјави Самоил Симев – извршен директор на Фудбалскиот клуб Вардар.

На настанот беа присутни претставници на играчите на трите спортски клуба на Вардар, а воедно беа најавени и следните спортски настапи на клубовите на Вардар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top