Адис Јаховиќ ја промаши шансата на мечот за Македонија против Украина, а за да не поведеме со 1-0 против фаворитот во Лвов се погрижи и голманот Пјатов, кој интервенираше рефлексно и спречи погодок во 21. минута.
Македонија и во продолжението имаше убави шанси за гол, но не успеавме да освоиме барем еден бод, што ќе значеше многу во продолжението од квалификацискиот циклус за пласман на ЕП во Франција.
„Им честитам на Украинците на победата, иако ќе беше фер мечот да заврши нерешено. Имавме одлични шанси, а морам да истакнам дека Пјатов беше неверојатен на голот на домаќините. Не ни останува ништо друго, освен да прдолжиме и да се подготвиме добро за гостувањето на Словачка во Скопје“, изјави Јаховиќ.
Сидорчук во втората минута од судиското продолжение на првиот дел не казни со гол, па Украина со многу мака се извлече и победи со 1-0. Македонија прикажа подобра претстава од првите два меча со Шпанија и Луксембург, но за ѓал остана со празни раце од гостувањето во Лвов. На ред е меч со лидерот во Ц групата, Словачка, репрезентација што е вистински хит на стартот од квалификациите и нареди три победи против Украина, Шпанија и Белорусија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.