| четврток, 6 декември 2018 |

На „Ало докторе“ за два дена имало преку 300 повици

alo-doktoreee500

На телефонската линија за медицински совети „Ало докторе“ во изминатите два дена со пресек до 22 часот имало вкупно 323 повици.

-На сите граѓани кои се јавија на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија – информираат од ЈЗУ Здравствен дом – Скопје.

Повиците за кои ја повикале линијата 15123 се најчесто за медицински совет во врска со крвниот притисок, покачена телесна температура и респираторни симптоми предизвикани од променливите временски услови.

Денес д-р Аспазија Софијанова, директорка на Клиниката за детски болести, ќе биде дежурна во информативниот центар „Ало докторе“ од 18 до 22 часот.

Утре, за медицински совет од 18 до 22 часот ќе биде достапен директорот на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби, проф. д-р Звонко Миленковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top