Украинските навивачи почнаа да гаѓаат со топовски удари, а еден од нив заврши зад голот на Томе Пачовски, но за среќа не го повреди македонскиот голман. Зад голот се наоѓа и еден од судиите, кој веднаш алармираше и мечот за момент беше прекинат, но продолжи.
Украина со голот на Сидорчук во 45 минута води со 1-0 против Македонија во меч од фудбалските квалификации за настап на ЕП во Франција за две години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.