| четврток, 6 декември 2018 |

Еврогол на Абдурахими, Македонија со многу мака го победи Луксембург

Вистински еврогол за победа од 3-2 на Македонија против Луксембург постигна Бесарт Абдурахими во последните моменти од натпреварот во рамките на второто квалификациско коло за пласман на ЕП во Франција.

Абдурахими во третата минута од судиското продолжение упати бомба кон голот на Жобер и го погоди горниот лев агол за голема радост на „Филип втори“ арената во Скопје.

Македонија во вториот дел направи целосен пресврт и со голот на Адис Јаховиќ од пенал најпрво израмни на 2-2, а потоа со прекрасниот погодок на играчот на белгиски Локерен и победи со 3-2.

abdura

 

Поведовме по прецизниот удар на Александар Трајковски, но гостите ни покажаа заби и со два гола во последните 15 минути од првиот дел на Бенси и на Турпел заминаа на одмор со предност од 2-1.

 

Македонија имаше и добра доза на среќа, а голот на Абдурахими ни ги донесе првите три бода во групата. Во ист термин Словачка ја изненади Шпанија и победи со 2-1 на домашен терен, а Украина на гости беше подобра од Белорусија и славеше со 2-0.

По две кола Словачка е лидер во нашата група со 6 бода, Шпанија, Македонија и Украина имаат по три бода, а Белорусија и Луксембург се на дното со по еден бод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top