| четврток, 6 декември 2018 |

За два дена 186 повици на линијата „Ало докторе“

На телефонската линија за медицински совети, 15123- Ало докторе, во изминативе два дена биле регистрирани 186 повици.

alo-doktoreee500

Јававувањата на телефонската линија биле од граѓани од сите градови на Македонија.

На три лица поради нивната здравствена состојба од докторите-специјалисти  им било укажано да повикаат итна медицинска помош.

Во текот на вчерашниот ден од 18 до 22 часот, за медицински совет била достапна докторката Татјана Баевска-Вучковиќ, специјалист педијатар.

Денеска од 19 до 22 часот на 15123-Ало докторе ќе биде дежурен Проф.Др. Никола Николовски, директор на клиниката за уво, нос и грло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top