Лидерот на табелата во Македонската прва фудбалска лига Вардар, успеа минимално да слави над Пелистер на стадинот во Ѓорче Петров со 1-0.
Единствениот гол го постигна Филип Петровски во судиското продолжение од првото полувреме на асистенција на Благоја Љамчевски, кој денеска одигра одличен натпревар.
Победата играчите на „црвено-црните“ ја посветија ја Глишиќ кој заработи скршеница на ногата и ќе отсуствува од терените најмалку два месеца.
Во првото полувреме натпреварот беше прекинат поради неспортско навивање на „Комитите“, а беше насочено кон претседателот на фудбалската федерација на Македонија Илчо Георгивски и целокупната федерација.
Сепак, по смирување на страстите од страна на помошниот тренер на Вардар легендата на клубот Александар Васовски, натпреварот продолжи.
На трибините за првпат во историјата двете „завојувани“ навивачки групи, „Комити“ и „Чкембари“ навиваа за своите клубови без никакви инциденти.
Вардар и по десеттото коло остана непоразен со 24 бода, седум повеќе од Металург кој има натпревар помалку.
Останатите натпревари од 10 коло се играат утре, а се среќаваат Металург – Работнички, Брегалница – Шкендија, Турново – Силекс и Тетекс – Ренова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




