| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел го откри глумецот во Самарас

За са­мо 24-ча­са, Гр­ци­ја на ме­ѓу­на­род­на­та сце­на по­ка­жа две, со­се­ма спро­тив­ни ли­ца. Пр­во во Њу­јорк се по­ја­ви „твр­до- кор­ни­от“ Еван­ге­лос Ве­ни­зе­лос, кој по­вто­ри ед­на поз­на­та, ве­ќе здо­дев­на при­ка­ска – ер­га ом­нес или ни­што, за след­ни­от ден не­го­ви­от шеф Ан­до­нис Са­ма­рас, бу­квал­но, да ја под­ви­тка опа­шка­та во Бер­лин и да од­го­во­ри на пра­ша­ње­то за Ма­ке­до­ни­ја. Сѐ е во па­ри­те, ве­лат упа­те­ни­те, а Са­ма­рас за­ми­на во Гер­ма­ни­ја со ед­на цел – на­ма­лу­ва­ње на ка­ма­ти­те и жел­ба за за­пи­ра­ње на бол­ни­те ре­фор­ми. За таа пре­ми­са, очиг­лед­но, не е проб­лем да се про­гол­та ни­ту Ма­ке­до­ни­ја...

Бер­лин вли­ја­е­ше мно­гу по­зи­тив­но врз грч­ки­от пре­ми­ер. Сту­де­ни­от гер­ман­ски воз­дух во ком­би­на­ци­ја со тра­ди­ци­о­нал­на­та свин­ска ко­ле­ни­ца и го­ле­ма ча­ша „бер­лин­гер“, очиг­лед­но, ба­рем при­вре­ме­но, вид­но го на­ма­ли ни­во­то на на­ци­о­на­ли­зам и на шо­ви­ни­зам на пр­ви­от чо­век на вла­да­та на јужниот со­сед. Или се па­ри­те?

Ан­до­нис Са­ма­рас, по­ве­ден од сту­де­на­та бер­лин­ска кли­ма и, по­ве­ро­јат­но, од бли­зи­на­та на Ан­ге­ла Мер­кел и од топ­ли­на­та на гер­ман­ски­те ми­ли­јар­ди, до­жи­веа ви­стин­ска транс­фор­ма­ци­ја. Не­го­ва­та про­ме­на ги пот­тик­на и ме­на­џе­ри­те на „Мар­вел“ за не­гов ан­гаж­ман во сцен­ски­те ефе­кти за нај­но­ви­от,ше­сти дел од хи­тот „Тран­сфор­ме­ри“, но и тие се пре­мис­ли­ја по­ра­ди при­вре­ме­на­та фа­за на не­го­ва­та фа­ктич­ка со­стој­ба. Име­но, при­вид­на­та, одг­лу­ме­на и те­шко­из­држ­ли­ва со­стој­ба на Са­ма­рас тра­е­ше са­мо не­кол­ку ча­са, тем­пи­ра­на до мо­мен­тот на поз­дра­ву­ва­ње со гер­ман­ска­та кан­це­лар­ка, за на­бр­гу да се вра­ти во ли­кот на ста­ри­от, поз­нат на­ци­о­на­лист и ква­зи­и­сто­ри­чар. Се­пак, за мно­гу­ми­на мно­гу по­ве­ќе од до­во­лен бе­ше изра­зот на не­го­во­то ли­це ко­га грч­ки­от пре­ми­ер на кон­фе­рен­ци­ја­та за пе­чат од­би да од­го­во­ри на пра­ша­ње­то, кое бе­ше со­се­ма јас­но и, за не­го­ва жал, ка­ко и за мно­гу­ми­на дру­ги, прем­но­гу до­бро со­ста­ве­но. „Гос­по­дин пре­ми­ер, вие се­ко­гаш ве­ли­те де­ка европ­ски­те вред­но­сти се мно­гу, мно­гу важ­ни за Гр­ци­ја. Не е ли вре­ме овие европ­ски вред­но­сти да до­би­јат пред­ност во од­нос на ва­ши­те по­ли­тич­ки ин­те­ре­си, кои ја бло­ки­ра­ат Ма­ке­до­ни­ја?“, пра­ша но­ви­нар­ка­та на ДВ во Гер­ма­ни­ја. Са­ма­рас со те­шко ср­це, под­голт­на, пре­мол­чи и не од­го­во­ри.

Го по­го­ди фа­ктот што пра­ша­ње­то дој­де од гер­ман­ски но­ви­нар, вра­бо­тен во еден од нив­ни­те нај­го­ле­ми и нај­е­таб­ли­ра­ни ме­ди­ум­ски сер­ви­си. Мол­кот на Са­ма­рас и не­го­во­то под­голт­ну­ва­ње на „кнед­ла­та“ се по­драз­би­ра­ше, исто ка­ко и не­го­ви­от од­го­вор, кој го не­ма­ше.

Ма­ка­та не не­го­во­то ли­це го из­да­де проб­ле­мот со „сте­га­ње­то“ и со не­мож­но­ста да си ја отво­ри ду­ша­та во од­нос на ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње, но тво­ре­цот на исти­от тој проб­лем и пра­ша­ње нај­де си­ла и се воз­др­жа од искре­но­ста. Цел­та бе­ше мно­гу го­ле­ма, а се ви­ка ва­де­ње на сопс­тве­на­та зем­ја од кал­та во ко­ја ја до­ве­де иста­та таа пар­ти­ја што ја прет­ста­ву­ва де­не­ска, а во неа не е до­крај про­пад­на­та ток­му по­ра­ди зем­ја­та на гос­по­ѓа­та што сто­е­ше на по­ло­ви­на ме­тар од не­го. Прем­но­гу при­чи­ни за да се ка­же тоа што се мис­ли. И та­ка Са­ма­рас за­и­гра за „Оскар“, или за „Злат­на ма­ли­на“. Крај­ни­от збор ќе го има­ат кри­ти­ча­ри­те, или, се­пак, Мер­кел…

Се­ко­гаш остри­от и бе­скрај­но про­во­ка­ти­вен грч­ки пре­ми­ер, кој во ни­ту еден слу­чај прет­ход­но не за­бо­ра­ва­ше да ги ис­пра­ви и по­пра­ви „без­о­браз­ни­те и не­у­ки“ но­ви­на­ри и да ги по­ду­чи де­ка Ма­ке­до­ни­ја е грч­ка, се­га за­бо­ра­ви на сво­ја­та ди­да­кти­ка и, нас­про­ти кон­стант­но про­мо­ви­ра­ни­от стил, не ја ис­пра­ви гер­ман­ска­та но­ви­нар­ка, ко­ја на­ша­та зем­ја ја на­ре­че ед­но­став­но – Ма­ке­до­ни­ја?! Бли­зи­на­та на Мер­кел вли­ја­е­ше пе­да­го­шки врз исти­от тој грч­ки пе­да­гог, кој со­о­чен со ре­ал­но­ста и со по­тре­ба­та од уште не­кол­ку ми­ли­јар­ди евра, ед­но­став­но, за­ми­жи и пре­мол­чи ду­ри и пред за не­го тол­ку бол­ни­от збор „Ма­ке­до­ни­ја“.

Сли­чен бе­ше и не­го­ви­от од­го­вор на пра­ша­ње­то да­ли се збо­ру­ва­ло за Ма­ке­до­ни­ја. И до­де­ка Мер­кел со дип­ло­мат­ски во­ка­бу­лар од­го­во­ри: „Де­не­ска не раз­го­ва­рав­ме за спо­рот за име­то. За тоа раз­го­ва­рав­ме во дру­га при­го­да и ќе раз­го­ва­ра­ме. Де­нес на дне­вен ред беа би­ла­те­рал­ни пра­ша­ња“, Са­ма­рас, кој е се­ко­гаш рас­по­ло­жен за ква­зи­и­сто­ри­ски бе­се­ди, ку­со од­го­во­ри: „Од мо­ја стра­на, не­мам што да до­пол­нам“. И тол­ку?!

Тоа што оста­на да леб­ди во бер­лин­ски­от воз­дух, факт што очиг­лед­но се чи­та­ше на ли­ца­та на но­ви­на­ри­те при­сут­ни на прес-кон­фе­рен­ци­ја­та е – што мо­же­ше да до­пол­ни Са­ма­рас во и та­ка крај­но дип­ло­мат­ски­от од­го­вор на Мер­кел, кој не­ма­ше ни­ка­ква ин­фор­ма­ци­ја и со­др­жи­на во се­бе?

Глав­ни­от проб­лем на Гр­ци­ја, се­пак, не е во пра­ша­ње­то, ту­ку во мож­но­ста тоа да се по­ста­ви. Се­кој што бил во Бер­лин, на прес-кон­фе­рен­ци­ја од ва­ков ка­ли­бар, знае де­ка мож­но­ста да се по­ста­ви пра­ша­ње на ва­ква сред­ба се гра­ни­чи со на­уч­на фан­та­сти­ка, т.е. но­ви­на­ри­те што ги по­ста­ву­ва­ат се од­на­пред опре­де­ле­ни, ка­ко што бе­ше и си­ту­а­ци­ја­та на пос­лед­на­та прес-кон­фе­рен­ци­ја на Мер­кел со Ба­ро­со и со Еди Ра­ма, ко­ја сле­ду­ва­ше по сред­ба­та за За­па­ден Бал­кан. Но­ви­на­ри­те што по­ста­ву­ва­ат пра­ша­ња на ва­кви сред­би и со­др­жи­на­та на пра­ша­ње­то, бу­квал­но, им се поз­на­ти на мо­де­ра­то­ри­те уште пред прес-кон­фе­рен­ци­ја­та, кои ги из­би­ра­ат спо­ред по­тре­ба­та и зна­чај­но­ста на пра­ша­но­то. Ва­ка, пак, со­др­жи­на­та на пра­ша­ње­то до Са­ма­рас за Ма­ке­до­ни­ја, во кое се наг­ла­су­ва грч­ко­то не­по­чи­ту­ва­ње на европ­ски­те вред­но­сти, до­би­ва со­се­ма по­и­на­ква ди­мен­зи­ја…

 

Analiza108-2

Ве­ни­зе­лос зву­че­ше ка­ко „рас­и­па­на“ пло­ча

На не­во­о­би­ча­е­ни­те сми­ре­ност и про­мис­ле­ност на Са­ма­рас во Бер­лин им прет­хо­де­ше ре­при­за­та на грч­ка­та над­во­реш­но-по­ли­тич­ка драм­ска игра во Њу­јорк.

Од дру­га­та стра­на на го­ле­ма­та ба­ра, не­го­ви­от шеф на дип­ло­ма­ти­ја­та се срет­на со пр­ви­от чо­век на ООН, Бан Ки Мун. Тој из­ле­зе и не ка­жа ама баш ни­што но­во. За раз­ли­ка од но­ва­та уло­га на грч­ки­от пре­ми­ер, кој во Бер­лин, 24 ча­са прет­ход­но на­си­ла ја на­мет­на ло­шо скро­е­на­та ов­ча ко­жа, ми­ни­сте­рот за над­во­реш­ни ра­бо­ти Еван­ге­лос Ве­ни­зе­лос во го­ле­мо­то ја­бол­ко ги от­сви­ри тол­ку поз­на­ти­те грч­ки но­ти и ги „истре­се“ на ма­са исти­те ба­ра­ња и ул­ти­ма­ту­ми. Ве­ни­зе­лос по којз­нае кој пат ги по­вто­ри нив­ни­те па­те­тич­ни „цр­ве­ни ли­нии“, кои ве­ќе не се ни сим­бо­лич­ни, а мо­же­би не­ко­гаш би­ле и че­лич­ни, но по тол­ку че­ста и дол­го­го­диш­на упо­тре­ба фа­ти­ле ко­ро­зи­ја и ста­на­ле поб­ли­ску до цр­ве­ни. За да ја на­до­пол­ни при­ка­ска­та, ко­ја по­ра­ди сто­е­ње­то во ме­сто и ста­тич­но­ста на со­стој­ба­та дел од ма­ке­дон­ски­те опо­зи­ци­о­не­ри се­ри­оз­но, не и ко­мич­но, за жал, би ја кон­ста­ти­ра­ле ка­ко „фри­гид­на“, Ве­ни­зе­лос не за­бо­ра­ви да спо­ме­не де­ка проб­ле­мот е кај се­вер­ни­от со­сед. Кла­си­ка­та на мо­дер­на­та грч­ка бас­на (ко­ја по­ве­ро­јат­но е грч­ки па­ра­докс) и на­та­му се ба­зи­ра на мо­мен­тот на по­ста­ву­ва­ње ус­ло­ви од кои не се от­ста­пу­ва, за­чи­не­то со об­ви­ну­ва­ње­то де­ка не­кој друг не пре­го­ва­ра. Ду­ри и Езоп би бил во те­шка ди­ле­ма на кое ма­га­ре да му ја да­де уло­га­та во бас­на­та, ко­ја не­ма ни­ка­ква ло­ги­ка. Се­ка­ко, со по­чит „кон си­те“ ма­га­ри­ња или „ер­га ом­нес“ ма­га­ри­ња – пр­во­то е пре­во­дот на тол­ку спо­ме­ну­ва­на­та ла­тин­ска фра­за од грч­ка стра­на. Да, си­те би оче­ку­ва­ле де­ка е грч­ка, но таа, се­пак, е са­мо ла­тин­ска…

 

Ана­ли­ти­ча­ри: Ќе сфа­ти ли Мер­кел по сред­ба­та со Са­ма­рас де­ка проб­ле­мот е не­реш­лив?

Па­ра­лел­но со слу­чу­ва­ња­та на ге­не­рал­но­то со­бра­ние на ООН, се слу­чи и сред­ба­та во Бер­лин. Слу­чај­но сов­па­ѓа­ње или во по­ли­ти­ка­та, се­пак, не­ма слу­чај­но­сти? Про­фе­со­рот по ме­ѓу­на­род­но пра­во Ла­зар Ла­за­ров не ве­ру­ва во слу­чај­но­сти, а по­ра­неш­ни­от ам­ба­са­дор Ри­сто Ни­ков­ски сме­та де­ка Мер­кел по сред­ба­та со Са­ма­рас ќе сфа­ти де­ка проб­ле­мот е не­реш­лив.

ЛАЗАРОВ: Во по­ли­ти­ка­та не­ма ни­што слу­чај­но. Ан­ге­ла Мер­кел е ка­ко Мар­га­рет Та­чер во свое вре­ме. Таа има цврст став и мис­лам де­ка најм­но­гу од си­те на­сто­ју­ва да се ре­ши пра­ша­ње­то. Се­пак, клу­чот за ре­ше­ние е кај САД. Тие се тие што пос­лед­ни­те де­це­нии изи­гру­ва­ат свет­ски „џан­да­ри“ и на­се­ка­де ги га­сат по­жа­ри­те што са­ми­те ги па­лат.

НИКОВСКИ: Мер­кел ве­ќе јав­но ка­жа де­ка го сле­ди слу­ча­јот и де­ка е са­мо пра­ша­ње ко­га, а не да­ли и лич­но ќе се вклу­чи во не­го­во­то ре­ша­ва­ње. Нај­до­бар до­каз де­ка тоа е точ­но бе­ше неј­зи­на­та сред­ба со Ни­миц, во Бер­лин, пред не­кое вре­ме. Чи­та­те­ли­те мо­жат да би­дат со­се­ма уве­ре­ни де­ка Мер­кел не го пра­ви се­то ова за да ѝ по­мог­не на Ма­ке­до­ни­ја. На­ши­те фун­да­мен­тал­ни ас­пи­ра­ции да оста­не­ме тоа што сме, неа ни­што не ѝ зна­чат. Мер­кел ги сле­ди гер­ман­ски­те ин­те­ре­си и ин­те­ре­си­те на Уни­ја­та, а не тре­ба да се пот­це­нат и по­тре­би­те за гра­де­ње на неј­зин ли­чен авто­ри­тет и ли­дер­ска по­зи­ци­ја во Евро­па. Од дру­га стра­на, Гр­ци­ја ѝ е иск­лу­чи­тел­но важ­на би­деј­ќи сѐ уште од неа за­ви­си суд­би­на­та на евро­то, кое е клу­чот за (не)ус­пе­хот на Гер­ма­ни­ја. Не­ма ни­ту еден факт или ар­гу­мент за не­ка­ква мож­на гер­ман­ска нак­ло­не­тост кон Ма­ке­до­ни­ја или во­де­ње ма­кар ми­ни­мал­на сме­тка за на­ши­те ле­ги­тим­ни и уни­вер­зал­ни ба­ра­ња. На­про­тив.

 

Ни­ков­ски ве­ли де­ка е очиг­лед­но де­ка Мер­кел е упо­рен и ам­би­ци­о­зен по­ли­ти­чар и ко­га не­што ќе нај­а­ви, ка­ко ан­гаж­ма­нот за на­ше­то име, не­ма вра­ќа­ње. Раз­вр­ска­та, пак, це­ни тој, мо­же да ја ба­ра са­мо во Ати­на би­деј­ќи нас не нѐ сме­та­ле за по­го­лем фа­ктор. Ре­зул­тат на ова, за не­го, би­ла и сред­ба­та ме­ѓу Са­ма­рас и Мер­кел во Бер­лин.

НИКОВСКИ: За на­ша сре­ќа, шан­си­те на Мар­кел да на­пра­ви не­што на тој план се ни­ка­кви. Си­лен е впе­ча­то­кот де­ка по раз­го­во­ри­те со Са­ма­рас таа ќе се со­о­чи со ре­ал­но­ста и ќе ги пре­ис­пи­та сво­и­те на­ме­ри! Ќе сфа­ти де­ка, ба­рем за­се­га, проб­ле­мот е не­реш­лив. Ако дој­де до та­ква, об­је­ктив­на ева­лу­а­ци­ја, тоа мо­же да би­де по­вол­но за нас. Би мо­же­ло да се оче­ку­ва Мер­кел да се пре­на­со­чи во ба­ра­ње на не­ка­кво при­вре­ме­но пре­мо­сту­ва­ње на проб­ле­мот, а ние ни­што дру­го и не са­ка­ме. Ме­ѓу­тоа, за ра­бо­ти­те да до­би­јат та­ков пра­вец на дви­же­ње ние мо­ра­ме да го изо­ди­ме сво­јот дел од па­тот, со ну­де­ње до­бро ос­мис­ле­ни кон­крет­ни че­ко­ри, кои тре­ба да сле­ду­ва­ат. Со дру­ги збо­ро­ви – да ѝ по­мог­не­ме на Мер­кел, за да ни по­мог­не и таа. Да­ли сме под­го­тве­ни за та­кво не­што е со­се­ма дру­го пра­ша­ње.

 

Не­про­мен­ли­ви­от грч­ки став и ин­си­сти­ра­ње­то на „ер­га ом­нес“ не ги из­не­на­ду­ва. И Ла­за­ров и Ни­ков­ски се на иста ли­ни­ја и пред­ла­га­ат по­о­стра ре­ак­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја.

ЛАЗАРОВ: Тоа не е ни­што но­во, Гр­ци­те одат уште по­ло­шо и од до­се­гаш­ни­те ста­во­ви на Са­ма­рас и на Па­пу­љас. Ви­на­та, ка­ко и во­о­би­ча­е­но, ја пре­фр­ла­ат на ма­ке­дон­ска­та стра­на. Но тоа не е проб­ле­мот. Ме­не ме чу­ди да­ли САД и ЕУ се сле­пи? И нај­о­бич­ни­от свет­ски гра­ѓа­нин сфа­ќа де­ка Гр­ци­ја не е во пра­во. Се­пак, мис­лам де­ка ова е одраз на од­но­сот на де­мо­кра­ти­те во Ва­шин­гтон кон нас. Та­ка не ме из­не­на­ду­ва ни­ту ста­вот на но­ви­от ам­ба­са­дор Џес Беј­ли. Ни во дог­лед­но вре­ме не оче­ку­вам ни­што но­во сѐ до­де­ка се на власт. Ма­ке­до­ни­ја, пак, тре­ба уште по­о­стро да ре­а­ги­ра во од­нос на овие пра­ша­ња, а ди­рект­но и на­ши­от др­жа­вен врв.

НИКОВСКИ: Ати­на не­ма ни­ка­ква по­тре­ба да го ме­ну­ва сво­јот став иа­ко е тој ек­стре­мен и ап­сур­ден. Јас­но им е де­ка и со оку­па­ци­ја те­шко ќе нѐ при­си­лат да се пре­кр­сти­ме до­ма. Ама, ја по­вто­ру­ва­ат сво­ја­та ер­га ом­нес би­деј­ќи ние ни­што не пра­ви­ме за да ја про­ме­ни­ме оваа, за нас, крај­но не­по­вол­на си­ту­а­ци­ја. Впро­чем, Ати­на е свес­на де­ка по Бу­ку­решт (2008) на­ша­та по­зи­ци­ја сла­бее, а ние не ре­а­ги­ра­ме. (Крај­но) Вре­ме е да трг­не­ме во офан­зи­ва, и без­број­ни­те ар­гу­мен­ти што ги има­ме да ги ста­ви­ме на ма­са би­деј­ќи же­сто­ко сме на­пад­на­ти од раз­ни стра­ни. Обез­ли­чу­ва­ње­то на на­ши­от на­род од стра­на на САД, со син­таг­ма­та „Сло­ве­ни“, не е слу­чај­но. По­ра­ка­та е јас­на – ние не сме Ма­ке­дон­ци… Што по­ве­ќе тре­ба да ни ка­жат за да раз­бе­ре­ме?

Топ­ка­та е во на­ши­от двор и ако не ја шут­не­ме на­вре­ме, пос­ле­ди­ци­те ќе би­дат не­сог­лед­ли­ви. Нес­пор­но е де­ка и по­сре­ду­ва­ње­то на Ни­миц се по­тро­ши би­деј­ќи 20 го­ди­ни не да­де ни­ка­ков раз­лу­тат. Тре­ба да се ба­ра но­ва фор­му­ла во рам­ки­те, а ни­ка­ко над­вор од ООН. Ини­ци­ја­ти­ва­та мо­ра да би­де на­ша.

 

Ќе расте ли бројката на евроскептици во Македонија?

Ка­ко и да е, име­то оста­ну­ва преч­ка за евро­ин­те­гра­ци­и­те на Ма­ке­до­ни­ја во ЕУ и во НАТО. Од дру­га стра­на, спо­ред пос­лед­на­та ан­ке­та на „Со­ци­е­тас ци­ви­лис“, ду­ри 63 про­цен­ти од гра­ѓа­ни­те не се сог­ла­су­ва­ат на влез во овие ор­га­ни­за­ции до­кол­ку ус­лов е про­ме­на на име­то. Ова е вто­ра ан­ке­та во ед­на го­ди­на со мно­гу слич­ни ре­зул­та­ти, во прет­ход­на­та, ко­ја бе­ше по­де­ле­на и по ет­нич­ка ос­но­ва, ду­ри 80 про­цен­ти од ет­нич­ки­те Ма­ке­дон­ци го спо­де­ли­ја овој став. Оче­ку­ва­ња­та се де­ка со ми­ну­ва­ње на вре­ме­то, број­ка­та ќе се зго­ле­ми. За Ни­ков­ски Ма­ке­дон­ци­те се пре­то­ле­рант­ни, за Ла­за­ров, пак, ова е ло­гич­на ре­ак­ци­ја на уце­на…

НИКОВСКИ: То­ле­ран­ци­ја­та е си­но­ним за кул­ту­ра. Тр­пе­ли­во­ста е, исто та­ка, врв­на доб­лест. Ме­ѓу­тоа, овие ос­нов­ни ка­ра­кте­ри­сти­ки на на­ши­от на­род, ко­га се прем­но­гу екс­по­ни­ра­ни, мо­жат да би­дат и кон­тра­про­ду­ктив­ни. Ка­ко во кон­крет­ни­ов слу­чај. Ре­ла­тив­но ни­ско­то ни­во на евро­скеп­ти­ци­зам во зем­ја­та збо­ру­ва ток­му за нас! По сѐ што ни пра­ват Ва­шин­гтон и Бри­сел, еве ве­ќе ре­чи­си че­тврт век, и со нив­ни­те двој­ни стан­дар­ди, и со нив­ни­те лек­ции во кои и са­ми­те не ве­ру­ва­ат, и осо­бе­но со нив­ни­те бе­скру­пу­лоз­ни ма­ни­пу­ла­ции и зло­у­по­тре­би на кои сме ре­чи­си днев­но из­ло­же­ни… про­сто е не­ве­ро­јат­но кол­ку е ви­сок сте­пе­нот на за­ин­те­ре­си­ра­ност кај на­ро­дот за Бри­сел. Зас­лу­га за та­ква­та си­ту­а­ци­ја, се­ка­ко, има вла­ста, ко­ја е (прем­но­гу?) воз­др­жа­на и не се оби­ду­ва да ги раз­о­ткрие по­те­зи­те на Ва­шин­гтон и на Бри­сел. А има и прем­но­гу фа­кти и ар­гу­мен­ти за ед­на та­ква кам­па­ња. Се­пак, во ос­но­ва­та, тоа е до­бра по­ли­ти­ка би­деј­ќи ин­те­ре­сот за зем­ја­та да ста­не дел од ЕУ зас­лу­жу­ва под­др­шка. Ме­ѓу­тоа, во ни­кој слу­чај не по се­ко­ја це­на. Ул­ти­ма­ту­мот што ни е по­ста­вен – пр­во име­то, по­тоа членс­тво, е на­вред­лив и тре­ба со ин­диг­на­ци­ја што по­бр­гу да се отфр­ли. Па­ра­лел­но, да се ба­ра­ат на­чи­ни за над­ми­ну­ва­ње на ќор-со­ка­кот, а ре­ше­ни­ја има.

ЛАЗАРОВ: Тоа е ре­ал­но рас­по­ло­же­ние, ре­ак­ци­ја на ви­стин­ска уце­на. Зна­е­те, зву­чи мал­ку ло­шо, но и ку­тре­то Шар­ко ако го пре­кр­стиш во Џо­ни ќе те иг­но­ри­ра и не­ма да се вр­ти ко­га ќе го вик­неш. Ду­ри и тоа има свое до­сто­инс­тво. Свет­ски­те при­ме­ри се мно­гу. Поз­на­ти­от истра­жу­вач на оке­а­ни­те Жак Ку­сто се отка­жа од хри­сти­јан­ска­та ве­ра и го при­фа­ти ис­ла­мот, но по­чи­на ка­ко Фран­цуз. Мал­ку­ми­на зна­ат де­ка и Ибра­хим Ру­го­ва пред смрт­та бе­ше кај па­па­та за да се вра­ти во хри­сти­јан­ска­та ве­ра, но оста­на Ал­ба­нец. Пра­во­то на вер­ско и на на­ци­о­нал­но чув­ство се све­ти и не­о­ту­ѓи­ви за се­кој чо­век.

 

(Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 108. број на неделникот „Република“, 26.09.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top