| четврток, 6 декември 2018 |

Блинд секогаш наоѓа време за навивачите

Животот на професионалните спортисти подразбира многу обврски, напорни тренинзи, патувања. Новото засилување на Манчестер јунајтед, Холанѓанецот Дејли Блинд, и покрај згуснатиот распоред, секогаш има време за своите навивачи.
Тој привлекува големо внимание на островот, освен со пристапот на професионалните обврски, и со својата харизма.
Една од обврските од која Блинд никако не се одрекува е дружењето со навивачите.
На друштвените мрежи се појави слика на која се гледа дека Дејли Блинд одговара на писмата на своите обожаватели и дели автограми на сите што ќе му пишат.
Нема сомневање дека со ваквиот пристап уште повеќе ја привлече наклоноста на „црвените ѓаволи“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top