Жозе Мурињо најави чистка во Манчестер Јунајтед на крајот од сезоната, но продажбата на фудбалери по се изгледа ќе почне уште во јануарскиот преоден рок.
Според Калчомеркато, најблиску до заминување е францускиот репрезентативец Морган Шнидерлин во кого менаџерот нема преголема доверба. Тој одигра премалку минути во средниот ред на Јунајтед, а Мурињо дури и го врати Швајнштајгер во првиот тим пред да му даде поголема шанса на французинот, па Шнидерлин е принуден да си бара нова средина.
Неофицијално, тој ќе ја продолжи кариерата во Милан и тоа прво на позајмица, а на крајот од сезоната би требало да биде откупен. Можно е Милан во јануари да се засили и со Цеск Фабрегас кој, исто така добива минути „на лажичка“ во Челси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим