Во првиот натпревар од осмото коло од првата македонска фудбалска лига лидерот на табелата Вардар го совлада актуелниот шампион Работнички во дербито со 2-0.
По дождливо време на арената Филип Втори во Скопје актерите на двата тима одиграа офанзивен фудбал со многу шанси за гол.
Вардар поведе со голот на Петковски кој со волеј удар во 16 минута го совлада голманот на Работнички Шишковски.
Примениот гол не ги поколеба дебар-маалци кои создадоа неколку шанси за гол, но не успеаа да ја затресат мрежата во текот целиот натпревар.
Во вториот дел Таневски го зголеми водството на 2-0 откако претходно истиот играч не успеа да реализира пенал, но топката се одби до него и го постави конечниот резултат. Судијата Ставревски не се двоумеше да покаже на белата точка откако при изведувањето на слободниот удар за Вардар капитенот на Работнички Тодоровски играше со рака во казнетиот простор.
Со оваа победа Вардар се зацврсти на првото место со 18 бода и има пет повеќе од второпласираниот Пелистер кој својот натпревар од ова коло го игра утре против Шкендија во Битола.
Во вториот денешен натпревар Турново славеше на гостински терен кај Ренова со 3-2 иако имаа дури двајца играчи помалку на теренот по исклучувањата на Стојчевски и Најденов. Стрелци за гостите од Турново беа Најденов во 39, Кочоски во 47 и Вареловски во 74 минута. Двата гола за Ренова ги постигнаа Бујчевски во 60 и Рамадани во судиското продолжение. Со оваа победа Турново се искачи на третото место со 13 бода.
Во останатите натпревари од осмото коло се среќаваат:
Пелистер – Шкендија, Силекс – Брегалница, Тетекс – Металург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


