| четврток, 6 декември 2018 |

Што работеле македонските ѕвезди пред да станат славни?

Дел од нашите познати личности поминале низ различни професии. Некои од нив работеле како таксисти, шанкери, келнери, во кабинет кај премиерот и слично.

 Ѓоко Таневски работел неколку работи пред да ѝ стане познат на домашната јавност.

– Пред приближно 15 години работев сè и сешто. Се обидев и како келнер, работев и како шанкер, но возев и такси. Се снајдов во сите професии што ги имам работено пред многу години. И денеска да морам да го работам тоа, повторно би се вратил на истите професии – вели Таневски.

Аренби-изведувачот Панчо Шорти вели дека не се срами од ниту една работа. Тој од свои 16 години заработувал за џепарлак.

– Сум работел повеќе работи пред активно да почнам да се занимавам со тоа што денес ми е примарна работа. Работев како менаџер на јуниор-забави и од секоја заработував по 1.500 до 2.000 денари на ден, но тоа и не го сметам за некоја посебна работа, туку како работа што помага за социјализирање и ширење на познанствата. Од 19 до 21 година работев како келнер и шанкер и, верувале или не, тоа ми беше една од најомилените работи. Работа во која има комуникација со луѓе отсекогаш ме правела среќен. Исто така, имам работено и во хотел како рецепционер, и тоа ми беше можеби една од најтешките работи затоа што се чувствував како птица затворена во кафез, но за егзистенција мора сè да се трпи. По таа работа повторно се вратив во угостителството, за по една година да отворам бутик за хип-хоп гардероба – раскажува Панчо.

Целата статија прочитајте ја на Телеграф.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top