
Во денешно време, мајките уште за време на првата бременост се служат со сета достапна литература за тоа како се дои, развива и расте детето, односно литература за сè она што мора да го прават за време на бременоста. Сè се прави како што стручњаците велат. А тогаш, на пат е второто бебе…
Играчки на земја?
Прво дете: Му паднала играчката која инаку ја става во уста. Со брзина на светлината одите дома за да ја стерилизирате и да го заштитите детето од можни зарази. Дури и ако детето вришти бидејќи не сака да оди дома, таква нехигиена не доаѓа во предид да си допуштите. Второ дете: Ја кревате играчката од земја, проверувате да не случајно има нешто на неа, малку ќе ја продувате, избришете со влажно марамче или со вашата блуза и му ја враќате на детето.
Цртани филмови
Прво дете: Сте направиле попис на сите цртани филмови и емисии кои се во согласност со препораките на стручњаците како добри за менталниот развој на детето. Малиот Ајнштајн е идеалната емисија за вашето мало генијалче. Второ дете: Каков е тој цртан филм во кој овошјето вришти а моето дете тоа сака да го гледа? Нема врска, овошјето и онака е здраво. Конечко ќе имате малку мир и време само за себе.
Доење
Прво дете: Одлучивте да го доите се додека не му пораснат заби и тоа во интимна и опуштена атмосфера во вашиот дом. Дури му пуштате и соодветна музика за тој свечен чин. Второ дете: Надвор сте и сте ја исчистиле клупата во паркот или место во кафулето кое е идеално за да го нахраните своето дете. Не ве интересира ниту кој ве гледа и што ќе помисли, бидејќи веќе е општо познато колку мајчиното млеко е здраво за бебето.
Физички развој
Прво дете: Сте се запишале и себе и бебето за вежби за мајки и бебиња, масажа за деца или пак на нешто друго, бидејќи сте прочитале колку тоа е здраво за физичкиот и менталниот развој на детето т.е. за поврзување на мајката и бебето. Второ дете: Сте заклучиле дека тоа е фрлање пари. Освен тоа, има ли нешто поубаво за развој на детето од тоа да игра во паркот со своите врсници?
Дневник
Прво дете: Имате запишано точни датуми (ако не и часови) кога го направило првиот чекор, кога кој заб му пораснал, кога го проговорил првиот збор… Второ дете: Зарем веќе јаде цврста храна? Прооде помеѓу осмиот и четрнаесетиот месец од животот…не сте сигурни…ама одлично му оди напредувањето!
Плачење
Прво дете: Плаче ли повеќе од две минути во континуитет, почнува да ве гризе совест дека го занемарувате, односно сфаќате дека е недопустливо такво однесување за една мајка. Веднаш го земате во прегратка и го тешите! Второ дете: Слушате ли плач? Почекајте уште малку, сигурно нема ништо да му се случи, а знаете дека не е ниту гладно и дека е пресоблечено. Можеби ќе се умори, ќе заспие.
Играчки
Прво дете: Сите забавни работи кои му помагаат на вашето дете да си игра на земја или му помага полесно да заспие, совршено се поклопуваат со останатиот дел од вашиот простор и претставуваат слатки детали. Второ дете: Скоро и да не можете да ги најдете сопствените работи од неговите кои се расфрлани насекаде.
Дадилка
Прво дете: Од личноста која вам треба да ви го причува детето додека вие сте на кино со сопругот, барате да знае барем два странски јазици, да има докторат од психологија и комуникологија и одлични педагошки вештини. Сепак, и покрај тоа што ги исполнува сите ваши барања, ќе ја викнете на 10 разговори и дополнително ќе разговарате со родителите чие дете го чувала претходно. Второ дете: Слободна е во терминот во кој вам ви одговара? Одлично! Проблемот е решен!
Љубов
Прво дете: Мислите дека е невозможно еднакво да сакате уште некое мало суштество како што го сакате ова ваше малечко бебенце. Дури по малку и се плашите од доаѓањето на приновата. Второ дете: Сфаќате дека еднакво длабоко, вистински и безрезервно можете да сакате уште едно мало суштество…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


